Како Комисијта за европски прашања стана втор законодавен дом !?

Во мандатот 1998/2002 комисијата се викаше Комисија за европски и евро-атлантски интеграции. Подоцна, во следните мандати, поточно од 2003 година до денеска се вика Комисија за европски прашања. Комисијата за европски прашања е основана со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија (Службен весник број 30/2003 година), што ја …

Continue Reading

Османи-Нуртлеу: Македонија и Казахстан имаат одлична билатерaлна соработка, вклучително и во ОБСЕ

Централна Азија и Казахстан се соочуваат со повеќе безбедносни предизвици. Ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ продолжува да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата со неговиот колега од Казахстан, …

Continue Reading

Кинеските туристи повторно можат организирано да патуваат во Македонија

Кина ја вклучи Македонија во групата земји во кои можат да патуваат организирани кинески туристички групи. Кинеското Министерство за култура и туризам соопшти дека се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата Ковид-19, за уште 78 земји. Покрај Северна Македонија, турстите од Кина ќе можат организирано да патуваат и во Германија, Велика Британија, Австрија, Бугарија, Полска, …

Continue Reading

Македонските фудбалери до 18 години ремизираа со Унгарија

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено, 1:1 со соодветната селекција на Унгарија во вчерашниот контролен дуел на стадионот во „Ѓорче Петров”. Унгарците го отворија резултатот со гол од пенал во 23. минута. Конечните 1:1 ги постави капитенот Мелиќи во 55. Минута. Селекторот Вујадин Станојковиќ натпреварот го почна со следниот состав: Славе Вргов, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Синани Милот, …

Continue Reading

Џафери – Дукај: Македонија и Црна Гора ќе ги совладаат предизвиците и успешно ќе го продолжат патот кон ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска имаше средба со министерот за администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на која го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за јавна администрација на двете земји и ја истакна важноста на регионалната соработка во процесот на интеграција на двете земји во Европската унија, информира собраниската прес-служба. Џафери го информираше …

Continue Reading

Меморандум за взаемно признавање на лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија со Косово

Македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе може да тргуваат, но и да ги снабдуваат корисниците на косовскиот пазар, а истата можност ќе ја имаат и косовските трговци и снабдувачи кои имаат лиценца. Тоа е овозможено со Меморандумот што го склучија Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово – ЕРО …

Continue Reading

Лидерот на оценската мисија на ЕУ за правосудниот систем во земјава утре и задутре во Скопје

Оценската мисија за функционирањето на правосудниот систем во Македонија ќе отпочне со работа утре. Лидерот на експертскиот тим, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска ќе ја посети земјава на утре и задутре, со што ќе го означи почетокот на работата на мисијата, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во земјава. Првично ќе биде идентификуван обемот на работата …

Continue Reading

Ковачевски: Предлогот е целосно и во насока на нашата консензуална цел членство во ЕУ

Собраниската Комисија за уставни прашања во Собранието денеска ја почна седницата број 1 со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република  Македонија. Од 17 присутни членови на Комисијата, „за“ предложениот дневен ред гласаа 10 пратеници, седуммина беа „против“, а воздржани немаше. …

Continue Reading

Цаца Николовска за МИА: Состојбата со уставните измени е однос на Македонија со ЕУ, а не со Бугарија

Состојбата во која во моментов се наоѓа Македонија во однос на уставните измени е однос меѓу државава и Европската Унија, а не Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски диктат или притисок имајќи предвид на укажаниот …

Continue Reading