Џафери – Дукај: Македонија и Црна Гора ќе ги совладаат предизвиците и успешно ќе го продолжат патот кон ЕУ

mkd-cg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска имаше средба со министерот за администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на која го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за јавна администрација на двете земји и ја истакна важноста на регионалната соработка во процесот на интеграција на двете земји во Европската унија, информира собраниската прес-служба.







Џафери го информираше гостинот од Црна Гора за започнатата собраниска процедура за измена на Уставот, како предуслов за продолжување на европската интеграција, и процес кој треба да продолжи на 18 август на веќе закажаната пленарна седница на Собранието. Зборуваше и за претседавањето на нашата земја со ОБСЕ, Процесот за соработка во Југоисточна Европа и за Отворен Балкан.

 

-Министерот за администрација на Црна Гора, Дукај, рече дека регионалната соработка помеѓу нашите земји е важна, заради тоа што како мали земји, заедно можеме повеќе да постигнеме во нашите напори за европска интеграција. Тој ја истакна соработката при воведувањето на системот ПејПал и во обучувањето на кадрите за  кибернетска сигурност. Во врска со пост изборниот процес во Црна Гора, министерот Дукај информираше дека вчера беше конституиран парламентот на Црна Гора, а понатаму ќе следат разговори за формирање на Владата, се вели во соопштението од средбата.

Двајцата соговорница изразиле надеж и взаемна поддршка дека Република  Македонија и Црна Гора ќе ги совладаат претстојните предизвици и успешно ќе го продолжат патот кон Европската унија. Исто така, изразиле и позитивен став во насока на понатамошно унапредување на односите помеѓу двете земји. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK