На денешен ден
31 март 2023 – Ден на македонското судство 1492.- Кралот Фернандо Петти Католички им дал на Евреите рок од три месеци да поминат во римокатоличка вера или да ја напуштат Шпанија. 1547.- Умрел францускиот крал Франсоа Први, кој со Болоњскиот конкордат во 1516 година обезбедил превласт на круната над римокатоличката црква во Франција. Од доаѓањето на престолот се обидел да …
Continue Reading
На денешен ден
30 март 2023 1135.- Роден е еврејскиот филозоф, лекар, математичар и астроном Мојсej бен Мајмон, познат како Мојсej Мајмонид, следбеник на Аристотел. Тој е најголем еврејски филозоф во средниот век. Во филозофското дело „Водич во љубовта“, се обидел да ја базира религијата на рационални основи, што предизвикало жестока осуда на ортодоксните приврзаници на јудаизмот. Напишал неколку астрономски и математички расправи. …
Continue Reading
На денешен ден
28 март 2023 – Денеска е Светски ден на бабите, празник воспоставен во 1987 година во Франција. 1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео ди Паголо де Фаторино, познат како Фра Бартоломео, еден од последните фиорентински ренесансни мајстори. Тој најмногу сликал религиозни теми. Привремено го напуштил сликарството и во 1500 година отишол во доминикански манастир, но четири години подоцна Рафаел го …
Continue Reading
На денешен ден
-
Marija Kizova
-
March 27, 2023
-
На денешен ден
-
0 Comments
– Меѓународен ден на театрите – Ден на здравственото воспитание на Македонија 1625.- Умрел британскиот крал од шкотско потекло Џејмс Први Стјуард. Тој бил прв монарх кој од 1603 година до смртта владеел и со Шкотска и со Англија. Исто така бил и првиот Стјуард кој бил на англискиот престол. 1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, …
Continue Reading
На денешен ден
26 март 2023 1827.- Во Виена умрел Лудвиг ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Компонирал девет симфонии, од кои најпознати се Третата, Петтата и Деветтата симфонија, како и клавирски сонати, гудачки квартети и друго. Роден бил во Бон, на 17 декември 1770 година. 1868.- Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд Први во 1922 година …
Continue Reading
На денешен ден
25 март 2023 1611.- Роден е Евлија Челебија, турски патописец. Од 1630 година, речиси без прекин патувал по Османлиското царство и надвор од него учествувајќи во воени походи. Водејќи воени белешки, низ разговори со стари луѓе за обичаите и настаните, копајќи по старите архиви, напишал патопис во 10 тома и оставил скапоцени сведоштва за балканските народи и простори. Пропатувал и …
Continue Reading
На денешен ден
-
Marija Kizova
-
March 24, 2023
-
На денешен ден
-
0 Comments
– Светски ден на борба против туберкулозата 1603.- Во Лондон умрела англиската кралица Елизабета, а на престолот дошол шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создале персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеала голем напредок во целокупниот развој. Родена била во 1533 година. 1783.- Шпанија ја признала независноста на САД. 1882.- Германскиот бактериолог …
Continue Reading
На денешен ден
-
Marija Kizova
-
March 23, 2023
-
На денешен ден
-
0 Comments
– Светски ден на метеорологијата и на водите 1309.- Папата Клемент Петти ја преместил папската престолнина во Авињон, во југоисточна Франција, каде што папската резиденција останала се до 1377 година. Овој престој на папата надвор од Рим е наречен „авињонско папско ропство“. 1616.- Во Стратфорд на Ејвон умрел Вилијам Шекспир, англиски драмски поет и артист. Се смета за еден од …
Continue Reading
На денешен ден
-
Marija Kizova
-
March 22, 2023
-
На денешен ден
-
0 Comments
– Денеска е Светски ден на водата 1312.- Ватикан го распуштил монашкиот витешки ред на Темплар, основан во Палестина во 1118 година заради заштита на поклониците на Христовиот гроб. 1599.- Роден е фламанскиот сликар Антон Ван Дајк, истакнат претставник на фламанската сликарска школа, врз кого силно влијаел Паул Рубенс во чие ателје во младоста работел. Потоа замина во Италија, па …
Continue Reading
На денешен ден
-
Marija Kizova
-
March 21, 2023
-
На денешен ден
-
0 Comments
– Светски ден на поезијата – Ден на пролетта 1556.- Кентерберијскиот надбискуп Томас Кренмер бил запален како еретик за време на римокатоличката реакција на кралицата Мери Прва. Како главен застапник на верската реформа во Англија вовел литургија на англискиот јазик и го составил „Општиот молитвеник“ на англиски. 1685.- Во Ајзенах е роден Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите …
Continue Reading