Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот, кои се сметаат за дел од можното решение за ситуацијата во Украина, објави Ројтерс. Изјавата уследи по состанокот во Брисел меѓу САД, Украина, НАТО и европските партнери за безбедносните гаранции за Украина и пошироката безбедносна архитектура во Европа. Во исто …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда „Феникс нелегално“, а не “Јубилејна награда”

„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа …

Continue Reading

По секој фемицид слушаме исти ветувања, Билјана, Росица, Катја, уште колку се потребни за институционална одговорност: во недела протест на иницијативата „Ниту една повеќе“

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ составена од група активистки и активисти, организира протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста во недела (08.11), со почеток во 12:00 часот, во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Според активистите на оваа иницијатива, последниот случај на фемицид во Богданци каде беше убиена седумнаесетгодишната Билјана Кириќ од нејзиниот партнер повторно покажа институционално непостапување, непрофесионалност, негрижа, слаби …

Continue Reading

Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион

Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги задоволи потребите на околу 6.000 земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот настан со кој се означи почеток на реализација на инвестицијата во населеното место Пирава, општина Валандово. „Оваа инфраструктура ќе овозможува примена на наводнување …

Continue Reading

Зеленски: Треба да знаеме кој ќе реагира ако Русија повторно нападне

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неговата влада бара од западните сојузници конкретни гаранции за начинот на кој ќе функционира безбедносната поддршка по завршувањето на војната, која започна со руската инвазија во февруари 2022 година. Во интервју за украинската приватна телевизија „1+1“, емитувано доцна синоќа, Зеленски истакна дека е потребно идните безбедносни гаранции да бидат јасно дефинирани и потврдени …

Continue Reading

Минчев: Европската комисија го нотира напредокот, градиме администрација во која знаењето се претвора во резултати

„Граѓаните не ги оценуваат институциите според нашите планови и ветувања. Ги оценуваат според услугата што ја добиваат, одговорот што го чекаат и довербата што ја имаат во системот. Нашата цел е знаењето да стане сила на администрацијата, професионалноста нејзин стандард, а довербата на граѓаните нејзин најголем резултат“, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на третиот циклус …

Continue Reading

Ставот за уставните измени останува непроменет, Мицкоски очекува следната година уште посилен извештај од ЕК

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот извештај и потврдата од страна на амбасадорот Рокас, како и за уставните измени, изјави: „Па да самиот амбасадор вчера на прес-конференцијата кажа дека во суштина споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но, исто е поважно да се …

Continue Reading

Општина Центар: Јубилејните награди се признание за луѓето што оставиле белег во Центар

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулира јавноста, овој пат користејќи го јубилејот на Општина Центар за политички пресметки. Градоначалникот Горан Герасимовски додели јубилејни награди по повод 50 години Општина Центар на личности кои, секоја во својата област, дале значаен придонес за развојот и афирмацијата на општината. Со нив им оддадовме признание за нивната работа и за сè што оставиле зад себе, реагираат …

Continue Reading

ДС за извештајот на ЕК: Не може да има недопирливи функционери, привилегирани поединци или институции кои се над законот

Демократскиот сојуз го поздравува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година, особено, како што истакнуваат од оваа партрија, позитивните оценки и констатираниот напредок во спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со европското законодавство. Оценуваат дека извештајот претставува важна основа и дополнителен поттик за продолжување и продлабочување на европскиот реформски процес. „Истовремено, тој укажува дека …

Continue Reading