ЕЦБ: Изгледите за раст во еврозоната стануваат послаби, а инфлацијата е тврдоглаво висока

Инфлацијата во еврозоната престана да забавува во август, оставајќи ги функционерите на Европската централна банка на работ додека проценуваат дали притисоците се премногу постојани за да се ризикува пауза во зголемувањето на каматните стапки. Потрошувачките цени се зголемија за 5,3 отсто во однос на претходната година, што е повеќе од два и пол пати повеќе од целта што ја бараа …

Continue Reading

Виена предлага земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас

Австриската министерка за Европа Каролина Едштадлер денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалогот, иако тие сè уште немаат право на глас. Во интервју за австриското државно радио, Едштадлер …

Continue Reading

Захарова: Европската унија е подготвена да ја жртвува безбедноста на Западен Балкан за доброто на Украина

Брисел е подготвен да ја жртвува безбедноста на Западен Балкан заради конфронтација со Москва, а Европската унија не ги зема предвид вистинските проблеми на земјите од регионот, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. „Европската унија не ги зема предвид вистинските проблеми и желби на Западен Балкан. За дополнително да се спротивстават на нашата земја, членките …

Continue Reading

Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија. Како што напиша тој, според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат …

Continue Reading

Пратеници од Европа и од САД бараат нов пристап во политиката кон Косово и Србија

Десетици европски и американски парламентарци испратија заедничко писмо до претставниците на САД, Европа и Велика Британија во кое бараат да ја преиспитаат политиката кон Косово и Србија, јави Бета. Писмото упатено до шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, го потпишаа претседателите на комисиите за надворешна политика на …

Continue Reading

ЕУ во извештајот за човекови права наведува дека ситуацијата на северот на Косово и понатаму е предизвикувачка

Во извештајот за човековите права, Европската унија посочи дека ситуацијата на северот на Косово останува предизвикувачка, особено во врска со корупцијата, организираниот криминал и условите за слобода на изразување, вклучително и напади врз медиумски професионалци. Во извештајот се наведува дека масовното повлекување на косовските Срби од јавните институции и последователното воспоставување контролни пунктови имало негативно влијание врз безбедноста и оти …

Continue Reading

Ескобар: Црна Гора има единствена можност да го забрза својот пат кон ЕУ

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска за агенцијата МИНА изјави дека Црна Гора има единствена можност да го забрза својот пат кон Европската Унија. „Црна Гора во моментов има уникатна можност да го забрза својот пат кон ЕУ“, рече Ескобар. Тој посочи дека САД се охрабрени од демократскиот напредок на Црна Гора, кој вклучува неодамнешна промена …

Continue Reading

Џафери – Дукај: Македонија и Црна Гора ќе ги совладаат предизвиците и успешно ќе го продолжат патот кон ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска имаше средба со министерот за администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на која го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за јавна администрација на двете земји и ја истакна важноста на регионалната соработка во процесот на интеграција на двете земји во Европската унија, информира собраниската прес-служба. Џафери го информираше …

Continue Reading

Советот на Европа ја критикуваше работата на службата за спасување на бродот со мигранти во Грција, кога се удавија стотици луѓе

Советот на Европа денеска ја повика Грција да ја разјасни улогата на нејзината крајбрежна стража во превртувањето на брод со мигранти во средината на јуни, кога се удавија неколку стотици луѓе. Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ испрати писмо до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во кое изразува загриженост за „минимизирање на улогата на крајбрежната стража во …

Continue Reading