Претседателот Стево Пендаровски во работна посета на Албанија

Претседателот на државата Стево Пендаровски во недела, 23 јули, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија. Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, а посетата е на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај. Според агендата, предвидено е Пендаровски да ги посети општините Пустец и Подградец.

Continue Reading

„Вајмарската тројка“ во Скопје со порака дека сега е време за исчекор кон ЕУ, опозицијата остана на ставот против уставни измени

Поддршка на Македонија за продолжување на евроинтеграцискиот пат и пораки до опозицијата да поддржат уставни измени упатија вчера од Скопје тројцата министри од Вајмарската тројка Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски …

Continue Reading

На располагање 100 милиони евра од ЕИБ за зелена транзиција на малите и средните претпријатија

ЕИБ Глобал и става на располагање 100 милиони евра на Банката за развој на Македонија за поттикнување на развојот и зелената транзиција на малите и средните претпријатија (МСП). Средствата, како што информираат од ЕИБ, ќе бидат наменети за решавање на потребите за ликвидност и инвестиции, со посебен фокус на зелените проекти. – Средствата ќе ги решат потребите за ликвидност и …

Continue Reading

Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени, во Скопје министри за Европа на Германија, Франција и Полска

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски …

Continue Reading

Ковачевски: Средбата со Мицотакис потврдува дека имаме одлични билатерални односи со Грција

Грција е една од најсилните поддржувачи на европската интеграција на Македонија, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој во Вилнус каде учествува на Самитот на НАТО, имаше средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Ковачевски, самата средба што ја остварил со Мицотакис потврдува дека двете држави имаат одлични билатерални односи. -Преспанскиот договор, којшто претставува пример наведен и во Стејт Департментот и во …

Continue Reading

Шаленберг, Липавски и Влаховски во посета на земјава, ќе ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за македонското европристапно досие

Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски утре ќе престојуваат во посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на …

Continue Reading

Прва средба Османи-Герапетритис: Грција со поддршка за забрзана интеграција на Македонија во ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на учеството на Самитот на НАТО во Вилнус, денеска имаше средба со шефот на дипломатијата на Грција Јоргос Герапетритис. Во фокус на првиот состанок меѓу двајцата министри беа билатералните односи и перспективата на зајакната секторска соработка на двете соседни држави и партнери. Во тој контекст, беше издвоена соработка во енергетиката и гасното …

Continue Reading

Пендаровски ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на Македонија. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот ја поздрави посетата на специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, којашто е фокусирана на активностите коишто ги презема Македонија со цел репатријација, гонење, …

Continue Reading

Ковачевски на првиот состанок на Северноатлантскиот совет: Самитот на НАТО уникатна можност да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Вилнус на првиот ден од Самитот на НАТО учествува на првата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади. -Го започнавме првиот состанок на Северноатлантскиот совет, на кој разговараме за стратегиски концепт за унапредување на одбранбените капацитети и за модернизација на одбраната. Тема на состанокот е и зајакнувањето …

Continue Reading