Претседателот Стево Пендаровски во работна посета на Албанија

Претседателот на државата Стево Пендаровски во недела, 23 јули, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија. Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, а посетата е на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај. Според агендата, предвидено е Пендаровски да ги посети општините Пустец и Подградец.

Continue Reading

СИРИЗА во септември ќе избере нов лидер од четворицата пријавени кандидати

Поранешните министри во Владата на СИРИЗА и актуелни пратеници Ефи Ахциоглу, Ефклидис Цакалотос и Никос Папас, како и поранешниот министер од ПАСОК Стефанос Ѕумакас се четворицата кандидати за претседател на СИРИЗА, а партијата новиот лидер ќе го избере во септември, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот на Централниот комитет на партијата одржан во текот на викендот било одлучено …

Continue Reading

Вархеји во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Тирана на работен ручек со лидерите на земјите од Западниот Балкан, соопшти Европската комисија. Според албанските медидум, на средбата, чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, потврдено е учеството на премиерот Димитар Ковачевски и неговите колеги од Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, од Србија, Ана Брнабиќ и од …

Continue Reading

Шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина: Разочарувачки сцени на насилство во парламентот

Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог ги осуди физичките пресметки меѓу власта и опозицијата што се случија вчера во приштинскиот парламент. Суниог овие сцени ги нарече разочарувачки и рече дека во парламентот нема место за физички напади, туку треба да надвладее политичкиот дискурс и размената на идеи. „Денес во парламентот беа видени разочарувачки сцени на насилство“, …

Continue Reading

Пратениците на ДПК повторно ја блокираа говорницата на косовскиот Парламент

Пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК) уште еднаш ја блокираа говорницата на косовското Собрание, откако претседателот Глаук Коњуфца најави одржување на вонредна пленарна седница, која беше прекината претходно во денот поради насилство во Собранието. Неколку членови на Алијансата за иднината на Косово (АБК) им се придружија на членовите на ДПК во блокирањето на седницата. Претседателот на Собранието Коњуфца изјави …

Continue Reading

Бегај-Пирц Мусар за Косово: Дијалогот е неопходен, без решавање на ова прашање нема мир во регионот

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој е во дводневна официјална посета на Словенија и неговата колешка Наташа Пирц Мусар, на денешната заедничка прес-конференција, покрај другото се задржале и на ситуацијата на северот на Косово. Нагласувајќи ја важноста на стабилноста во регионот, албанскиот претседател изјавил дека секое „старо или ново прашање во регионот треба да се реши со дијалог“. -Албанија промовира мир, …

Continue Reading

Американски санкции против шефот на разузнавачката служба на Србија, Александар Вулин

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави на списокот санкции го стави директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија, Александар Вулин. Според американското Министерство, шефот на српската разузнавачка служба, Вулин, е вмешан во „меѓународен организиран криминал, нелегално тргување со дрога и злоупотреба на јавна функција“. „Санкциите за Александар Вулин ја нагласуваат решеноста на Соединетите Американски Држави да ги повикаат на одговорност …

Continue Reading

Илијана Јотова: Услов од кој Бугарија нема да отстапи е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија

Задолжителен услов, од кој Бугарија нема да отстапи, е вклучувањето на македонските Бугари во Уставот на Република  Македонија. Ова му го посочи потпретседателката Илијана Јотова на Кристијан Даниелсон, државен секретар за прашања на Европската унија на Кралството Шведска, соопшти прес-службата на шефот на државата. Меѓу главните теми на разговорот меѓу двајцата соговорници на „Дондуков“ 2 беше и проширувањето на Европската …

Continue Reading

Поранешна министерка и пратеничка Ахциоглу кандидатка за лидер на СИРИЗА

Поранешната министерка за труд и социјални прашања во Владата на Алексис Ципрас и актуелна пратеничка Ефи Ахциоглу и официјално е кандидатка за претседателка на СИРИЗА, што воедно е и првиот кандидат за лидерската позиција во партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Ахциоглу денеска ја презентираше нејзината кандидатура и истакна дека потребна е ефикасна и упорна работа за да се …

Continue Reading