Меморандум за взаемно признавање на лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија со Косово

Македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе може да тргуваат, но и да ги снабдуваат корисниците на косовскиот пазар, а истата можност ќе ја имаат и косовските трговци и снабдувачи кои имаат лиценца. Тоа е овозможено со Меморандумот што го склучија Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово – ЕРО …

Continue Reading

Советот на Европа ја критикуваше работата на службата за спасување на бродот со мигранти во Грција, кога се удавија стотици луѓе

Советот на Европа денеска ја повика Грција да ја разјасни улогата на нејзината крајбрежна стража во превртувањето на брод со мигранти во средината на јуни, кога се удавија неколку стотици луѓе. Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ испрати писмо до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во кое изразува загриженост за „минимизирање на улогата на крајбрежната стража во …

Continue Reading

Курти: Логично е мерките на ЕУ да бидат укинати пред новите избори на северот на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е логично мерките што ги воведе Европската унија во Косово да бидат укинати пред да дојде време за одржување нови избори во општините на север на Косово. „Се подготвуваме за вонредните избори на север и за овие мерки кои се преземени против нас и кои се нарекуваат привремени и реверзибилни, секако очекуваме што …

Continue Reading

Продолжува битката со огнените јазици на Крф и Родос, пожарите сѐ уште вон контрола

Уште една ноќ, пожарникарите и волонтерите на грчките острови Родос и Крф се бореа со огнената стихија, со оглед на тоа што пожарите сѐ уште се вон контрола, а од рано утрово повторно интервенираат и воздушните средства, јави дописничката на МИА од Атина. На Родос пожарот е активен веќе деветти ден, а вчера огнените јазици беа многу блиску до села …

Continue Reading

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција

Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне имаше разгорувања и во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија ЕРТ објасни дека во овој момент во земјата се активни три пожари, оној …

Continue Reading

Грчко МНР за годишнината од турската инвазија на Кипар: Решавањето на кипарското прашање врвен национален приоритет

За Грција решавањето на кипарското прашање е врвен национален приоритет. Во координација со Република Кипар, работиме систематски за создавање услови кои ќе овозможат изнаоѓање праведно, одржливо, функционално и заемно прифатливо решение, соопштија од грчкото МНР по повод 49-годишнината од турската инвазија на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција истакнуваат дека решението на …

Continue Reading

Столтенберг-Вучиќ: НАТО ја продолжува својата мисија на Косово

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по синоќешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека НАТО ќе продолжи да го поддржува и обезбедува мирот во рамките на својот мандат на Косово, пренесоа белградските медиуми од Брисел. Столтенберг синоќа се сретна со Вучиќ и ги повика двете страни да ги намалат тензиите, нагласувајќи дека НАТО цврсто го поддржува дијалогот меѓу …

Continue Reading

Во Брисел почна средбата меѓу Лајчак и Петковиќ

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, утринава во Брисел се сретна со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, како дел од продолжението на дијалогот, јави Бета. Лајчак треба да се сретне и со главниот косовски преговарач, Бесник Бисљими, а ЕУ се надева дека ќе се одржи и трилатерална средба, но тоа, …

Continue Reading

Милатовиќ: Имаме нова динамика во приближувањето на Западниот Балкан кон ЕУ

Процесот на пристапување во ЕУ стана премногу технички и се загуби неговото политичко значење, но руската инвазија врз Украина беше знак за будење во Брисел, што доведе приближувањето на балканскиот регион кон Унијата во последниве две години да добие нова динамика, при што Босна и Херцеговина се стекна со кандидатски статус, Северна Македонија и Албанија го почнааа преговарачкиот процес, а Косово …

Continue Reading