Американска кошаркарка брутално претепана во Полска
Американската кошаркарка на Гдиња, Микејла Каулинг, се здобила со повреди на главата и очите откако била нападната и претепана во Гдањск, јавија полските медиуми. Каулинг била „брутално претепана“ во музички клуб во Гдањск во средата навечер и се здобила со повреда на окото, соопшти нејзиниот клуб, пренесе радиото РМФ ФМ. „Револтиран сум што се создаде ваква срамна ситуација. Насилството и …
Continue Reading
„Бомба“ во АБА лигата – Препелиќ во Цедевита Олимпија
Словенечкиот кошаркар Клемен Препелич би можел да стане нов играч на Цедевита Олимпија, пренесува „Баскетњуз“. Како што се наведува, Препелич е блиску до доовор со клубот од Љубљана. Препелич остави добар впечаток на неодамнешниот Мундобаксет, каде беше втор стрелец на Словенија, веднаш зад Лука Дончиќ, со просек од 14 поени, 3,1 скока и 2,4 асистенции за 20,5 минути по натпревар. …
Continue Reading
Адамс ја пропушта целата сезона
Центарот на Мемфис Гризлис, Стивен Адамс, ќе биде опериран поради долготрајна повреда на коленото, објави франшизата. Адамс не играше од 22 јануари поради повреда на задните вкрстени лигаменти. Затоа ги пропушти последните 36 натпревари од претходната сезона и затоа нема да им биде на располагање на Гризлис до следната есен. Лекарите се обиделе да му помогнат со вбризгување на матични …
Continue Reading
Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда
Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда, објавија црвено-белите на својот официјален портал. Искусниот стратег, пред една година го презеде тимот од Влада Јовановиќ. Со Црвена звезда го освои домашниот Куп и првенството. Црвена звезда од стартот на сезоната не игра добро. Клубот вложи многу во засилувањата, а резултатите и играта се далеку под очекувањата. Во АБА лигата …
Continue Reading
Газдата Паркер му врачи отказ на тренерот Ти-Џеј Паркер
Тони Паркер, газдата на евролигашот Асвел, му врачи отказ на својот брат Ти-Џеј Паркер. Под водство на Ти-Џеј, Асвел во домашното првенство има само четири победи во првите седум кола, а во Евролигата нема победа по воведните четири рунди. Лош старт за клубот кој сезонава има буџет од 21.000.000 евра. Асвел, во четвртокот, доживеа пораз во Истанбул од Фенербахче и …
Continue Reading
Андре Игудала замина во пензија
Американскиот кошаркар Андре Игудала и официјално ја заврши кариерата. По 19 сезони во НБА, Игудала го потврди своето пензионирање во интервју за „Њујорк Тајмс“. Уште пред минатата сезона најави дека ќе ја заврши кариерата, но Стеф Кари му се јави и го убеди да одигра уште една сезона. Игудала потпиша едногодишен договор со Голден Стејт, но одигра само осум натпревари …
Continue Reading
Олстар-натпреварот ќе го менува форматот
Комесарот на НБА, Адам Силвер, најави дека следниот „ол-стар“ меч, кој ќе се одржи во Индијана, би можел да се врати на стариот концепт. Капитените веќе неколку години ги избираат своите соиграчи без разлика од која конференција доаѓаат, но постои идеја повторно да се вратат на стариот начин. Силвер најави дека веќе на следниот „ол-стар“ фановите ќе гледаат нешто што …
Continue Reading
Макаби гостува во Валенсија, 700 полицајци ќе се грижат за безбедноста
Натпреварот од 3. коло од Евролигата меѓу Валенсија и Макаби Тел Авив во „Ла Фонтета“ е оценет како натпревар од висок ризик. Причина се воените настани во Израел, а за да се избегне потенцијален инцидент или терористички напад, голем број полицајци ќе ја обезбедуваат арената во Валенсија. Според информациите на „Израел Хајом“, околу 700 полицајци ќе се грижат за безбедноста …
Continue Reading
„Во ЕУ е незамисливо државата да финансира спортски клубови“
Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија (КСС), Матеј Ерјавец откри дека во ЕУ е незамисливо државата да им помага на клубовите. Првиот човек на КСС зборуваше, изјавата ја даде по дебаклот на клубовите од неговата земја против српските гиганти Црвена звезда и Партизан. Пред 10 дена Партизан ја победи Крка со 40 и Црвена звезда Цедевита Олимпија со 43 поени …
Continue Reading