Денвер победи, Јокиќ ги шокираше Американците
Нова победа во НБА лигата забележаа кошаркарите на Денвер кои на гости го совладаа Мемфис со 108:104. Актуелниот шампион на најсилната лига на светот го предводеше Никола Јокиќ, а српскиот центар за 35 минути игра беше најдобар со 22 поени (8/14 гол од поле), 12 скока, седум асистенции, но и девет загубени топки. Ова беше втор триумф на Нагетс во …
Continue Reading
Јанис го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар
Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо продолжи да ја испишува историјата на франшизата. Гркот стана најдобриот стрелец во историјата на Милвоки. Во победата на тимот од Висконсин над Филаделфија (118:117), Гркот постигна 23 поени, забележа и 13 скока, три асистенции и по две украдени топки и блокади. Адетокумбо стигна до 5.905 поени од поле, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој …
Continue Reading
Харден под истрага, Филаделфија се соочува со казна
НБА го истражува отсуството на Џејмс Харден на првиот натпревар на Филаделфија ’76 во новата сезона. Филаделфија во четвртокот во Милвоки, го прекрши новото правило на НБА заучество на играчите. Во текот на летото, Харден побара трампа во Лос Анџелес Клиперс, но клубовите не постигнаа договор. После тоа, тој влезе во конфликт со управата на Филаделфија, кога сакаше доаѓаше на …
Continue Reading
(Видео) Совршено деби за Лилард, Леброн му пресуди на Феникс
Два одлични натпревари се одиграа ноќта меѓу четвртокот и петокот во НБА лигата и двата ги добија домашните екипи во возбудлива завршница. Милвоки ја совлада Филаделфија со 118:117, додека Лос Анџелес Лејкерс го победи Феникс со 100:95. Демијан Лилард имаше совршено деби за Бакс пред публиката во Висконсин. Лилард постигна 39 поени и беше најзаслужен за триумфот на својот тим. …
Continue Reading
Кошаркарското Ел класико не ги оправда очекувањата – Реал ја победи Барселона
Кошаркарите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 65:64 во петтото коло од Евролигата. Кошаркарското Ел класико, кој беше увертира за фудбалската пресметка в сабота, квалитативно не ги оправда очекувањата. Во трилер завршница победи тимот кој помалку грешеше. Ова е трето Ел класико оваа сезона и трета победа на Реал. Несекојдневен натпревар одиграа до вечерва двете непоразени екипи. Видовме многу …
Continue Reading
(Видео) Дончиќ со трипл-дабл му го расипа дебито на Вембањама
Лука Дончиќ со трип-дабл ја отвори новата сезона во НБА лигата. Словенецот го предводеше Далас, во дербито на Тексас, до победата над Сан Антонио Спарс со 126:119. За Сан Антонио дебитираше првиот пик на драфтот Виктор Вембањама. Дончиќ, чии настап на овој натпревар беше под знак прашалник, влезе во историјата на НБА лигата. Тој одигра 34 минути, во статистиката запиша …
Continue Reading
Поцеко го презеде Асвел Вилербан
Џанмарко Поцеко е новиот тренер на Асвел. Она што вчера беше означено како завршена работа, денеска е официјализирано. Ова е прв ангажман за италијанскиот стручњак во Евролигата. Претходно ги водеше Орландина, Варезе, Фортитудо од Болоња, Динамо Сасари, а работеше како асистент во Цедевита и Олимпија од Милано. И покрај ангажманот во Асвел, Поцеко ќе остане селектор на италијанската репрезентација. Асвел …
Continue Reading
Јанис ќе потпише нов договор со Милвоки
Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо ќе потпише нов договор со Милвоки Бакс до 2028 година. Актуелниот договор на Адетокумбо истекува во 2025, но тој завршувањето имаше можност да преговара с други франшизи. Сега е јасно дека тоа нема да се случи. Јанис, претходно ја најави оваа можност, но се премисли откако во Милвоки пристигна Демијен Лилард. Адетокумбо според новиот договор ќе …
Continue Reading
Леброн ќе заработи најмногу оваа сезона, Јокиќ е деветти на оваа листа
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс следната сезона ќе заработи 128 милиони долари. За Леброн ова ќе биде 21. сезона во НБА лигата, од плата ќе заработи 47,6 милиони, додека „страна“, односно од спонзорските договори, дополнително ќе заработи околу 80 милиони. Веднаш под него е Стеф Кари со 101,9 милиони. Кари со 51 милион всушност ја има и најголемата …
Continue Reading