(Видео) Епски пресврт на Торонто, од -23 до триумф над Вашингтон

Видео-Епски-пресврт-на-Торонто-од-23-до-триумф-над.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Екипата на Торонот Репторс ја обележа измината ноќ во НБА лигата. Репторс надополнија минус од 23 поени и ги победија Вашингтон Визардс со 111:107.

Неверојатниот пресврт на Торонто го режираше Паскал Сијакам. Тој 22 од своите 39 поени постигна во третата четвртина. Сијакам на 39. поени придодаде 11 скока и седум асистенции.

Најдобро го следеше Скот Барнс со 19 поени, девет скока, пет украдени топки и четир асистенции.

Џејкоб Пелтл додаде 13 поени со шест скока и пет загубени топки, додека резервистот Прешес Ачиува додаде 10.

Најефикасен кај Визардс беше Кајл Кузма со 34 поени (14/25 од поле), а Даниел Гафорд и Џордан Пул додадоа по 14 (2/6 тројки).

Сакраменто Кингс во ефикасен натпревар ги совлада Кливленд Кавалирс со 132:120.

„Кралевите“ ги предводеше повратникот Диерон Фокс со 28 поени (11/20) и шест асистенции.

Киган Мареј погоди пет тројки и мечот го заврши со 25 поени со осум скока, додека Домантас Сабонис забележа 23 поени (8/10) со 10 асистенции и девет украдени топки.

Одличен беше и Кајл Хертер со 20 поени, кој погоди шест тројки од девет обиди.

Тренерот на „кралевите“, Мајк Браун, стигна до јубилејната 400-та победа во кариерата.

Кавалирс ги предводеше Донован Мичел со 22 поени, Крис Леверт додаде 21, Макс Струс додаде 19, додека Еван Мобли имаше 16 поени со 12 скока.

Милвоки Бакс, предводени од Јанис Адетокумбо (35 поени, 11 скока) триумфираа во дуелот со Чикаго Билс 118:109. Демијан Лилард кој ги пропушти претходните два натпревари забележа 12 поени и девет асистенции.

Бостон одигра одличен натпревар против Њујорк 114:98 и со тоа стигна до третата победа во низа.

Селтикси им го нанесоа петтиот пораз на Никс оваа сезона, воедно и прв по серијата од три победи.

Џејсон Тејтум доминираше со 35 поени, шест скока и седум асистенции, Џејлен Браун додаде 22, а Кристапс Порзингис 21 поен.

Во редовите на Њујорк најефикасен беше Џејлен Брунсон со 26 поени, поен помалку постигна Џулиус Рендл, а 16 додаде Џош Харт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK