„Секој шут на Јовиќ чини 500.000 евра“

„Секој-шут-на-Јовиќ-чини-500000-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Српскиот фудбалер Лука Јовиќ не се снајде најдобро по пристигнувањето во Милано. Не успеа да се наметне поради што се шпекулира дека во јануари ќе замине на позајмица во Локомотив Москва.

25.годишниот Јовиќ летово пристигна на „Сан Сиро“ од Фиорентина.

Јовиќ досега одигра само седум натпревари за Милан во Серија А, а за 223 минути на теренот не успеа да постигне гол или асистенција.

Поради учинокот тој е тема на италијанските медиуми, а „Газета дело спорт“ пресмета дека секој удар на Јовиќ засега чини 500.000 евра.

Пресметката е направена врз основа на платата на Јовиќ која е околу 2,2 милиони евра по сезона (бруто износ), на месечно ниво тоа е околу 270.000 евра. Откако започна сезоната (Јовиќ тогаш се упте беше во Фиорентина), двата клуба на него потрошиле за пет месеци околу 1.000.000 евра.

Јовиќ досега на натпреварите што ги одигра за Милан упати само два шута кон противничките мрежи, па италијанските медиуми истакнуваат дека тоа е 500.000 евра годишно секој пат кога Јовиќ шутира во рамката од голот.

Јовиќ во кариерата играл за Црвена Звезда, Аполон Лимасол, Бенфика, Ајнтрахт, Реал Мадрид и Фиорентина.

Во 2019 година, Реал Мадрди го купи од Ајнтрахт за 63.000.000 евра, а по неговото пристигнување во Мадрид почна неговиот пад.

За српската репрезентација одигра 31 натпревар и постигна 10 голови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK