Дебакл на Барселона во Виторија, Партизан падна во Минхен

Дебакл-на-Барселона-во-Виторија-Партизан-падна-во-Минхен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарите на Баерн, Басконија, Панатинаикос и Асвел забележаа победи во последните натпревари од осмото коло во Евролигата.

Басконија, во шпанската пресметка, ја декласира Барселона со 94:71. Од враќањето на Душко Ивановиќ во Виторија, Басконија има три победи на исто толку натпревари.

Хауард ја предводеше Басконија со 26 поени (4/11 за три), цело време го следеше Милер-Мекинтајр со 20 (4/6), а во продолжение офанзивно им се придружи Чима Монеке со 19 поени.

Кај гостите Лапровитола со 14 и Да Силва со 12 поени беа подобри од останатите во вториот сезонски пораз.

Пабло Ласо пред мечот со Партизан имаше големи кадровски проблеми, но успеа да го победи својот учител Жељко Обрадовиќ. Баерн, откако надополни негатива од 10 поени на почетокот на втората четвртина, најпрвин ја надомести негативата, а потоа во целост го контролираше натпреварот. На крајот Баварците славеа со 94:85.

Баерн го предводеа Едвардс со 21 и Фанциско со 19 поени. Најдобра играч на партизан беше Бразилецот Кабокло со 19 поени, 12 од нив постигна во последната четвртина.

Панатинаикос во драматична завршница го доби Жалгирис со 73:71, а во дербито на дното Асвел во Берлин ја победи Алба со 73:68.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK