(Видео) Стив Кер абер нема што е МВП на Евролигата

Во понеделникот рано наутро во контролен натпревар Голден Стејт вориорс им беа домаќини на Сакраменто Кингс. Во еден момент во игра за „кралевите“ влезе Александар Везенков, најдобриот бугарски кошаркар на сите времиња. Станува збор за кошаркар кој изминативе пет години го носеше дресот на Олимпијакос, а во претходната сезона ја доби наградата за најкорисен играч на Евролигата за неговите фантастични …

Continue Reading

(Видео) Лилард дебитираше, Милвоки ги победија ЛА Лејкерс

Кошаркарите на Милвоки ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:97 во контролен натпревар пред стартот на сезоната во НБА лигата. Во тимот на Милвоки Бакс играше и најголемото засилување Демиен Лилард, кој го одигра првиот натпревар во дресот на новата франшиза. Во своето деби за Милвоки, Лилард постигна 14 поени за 22 минути, додека најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 16 …

Continue Reading

Дорси два месеци во аут

Кошаркарот на Фенербахче, Тајлер Дорси, поради повреда ќе отсуствува два месеци, објави клубот од Истанбул на официјалната веб-страница. Дорси (27) заработи скршеница на метатарзалната коска на десното стапало на натпреварот против Валенсија во петокот вечерта и ќе биде подолго време надвор од терените. Поради повредата ќе пропушти голем број важни натпревари во Евролигата. Отсуството на Дорси ќе биде тежок удар …

Continue Reading

Кевин Гарнет се уште добива плата од Бостон

Поранешниот кошаркар на Бостон Селтикс, еден од најдобрите играчи на својата позиција во НБА, Кевин Гарнет се уште прима плата од својот поранешен клуб. Гарнет се пензионираше во 2016 година, но се уште е на платениот список на неговиот поранешен клуб. Поранешниот „ол-стар“ настапуваше за Селтикс од 2007 до 2013 година, со Бостон ја освои титулата во 2008 година, следната …

Continue Reading

Реал го растури Ефес, Партизан убедлив кај Асвел

Дуелот на последните два освојувачи на кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес и Реал Мадрид им припадна на гостите. Среде Истанбул, Реал славеше со 103:80. Убедлива победа во второто коло на гостински терен запиша Партизан кај Асвел (88:62). Басконија ја победи Алба во Берлин со 91:86, а Панатинаикос во меч со многу осцилации славеше над Баерн 78:71. Два дена по победата над …

Continue Reading

Барселона доживеа тежок финансиски удар

Барселона минатата сезона претрпе сериозни финансиски загуби. Наместо планираниот минус од 28 милиони евра, вкупниот износ на расходите ги надмина првичните проекции за 88 отсто и изнесува 56,6 милиони евра. Лошата финансиска состојба ја влоши и раскинувањето на договорите со Шарунас Јасикевичиус, Никола Миротиќ и Кори Хигинс. Вкупниот трошок на тие одлуки беше 25,27 милиони евра, но оваа сума нема …

Continue Reading

Партизан му понуди на Макаби да игра Евролига во Белград

Воениот конфликт во Израел ќе го блокира спортот. Одложени се натпреварите од Евролигата и од Еврокупот, а српскиот клуб Партизан направи голем гест и му понуди на Макаби да ги игра натпреварите во Белград.   Раководството на „црно-белите“ има предлог израелскиот тим привремено да користи една од спортските сали во Белград, а истовремено да му биде обезбедено сместување и сите …

Continue Reading

Тони Кукоч објави фотографија од болница

Легендата на југословенската и хрватската кошарка Тони Кукоч објави фотографија на која лежи во болнички кревет. Кукоч помина два дена во болницата Раш и им се заблагодари на лекарите за врвниот медицински третман. На фотографијата тој е насмеан со кренат палец. Кукоч на Инстаграм напиша. „Голема благодарност до лекарите Колман и Мајерс и остатокот од болничкиот персонал кои одлично се …

Continue Reading

Ти-Џеј Шортс e МВП на првото коло на Еврокупот

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс прогласен е за најкорисен кошаркар во првото коло од Еврокупот. Тој имаше одличен настап за Париз Баскет во триумфот над Волфс од Литванија, со 105:78.   Шортс постигна 20 поени (8/11 за два, 0/2 за три, 4/4 од линијата за слободни фрлања), имаше девет асистенции и три украдени топки. Ова му донесе индекс на корисност 30. …

Continue Reading