(Видео) Дабл-дабл на Дончиќ во победата на Мавс, Богдановиќ одличен во поразот на Хокс

Видео-Дабл-дабл-на-Дончиќ-во-победата-на-Мавс-Богдановиќ-одличен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Двајца играчи од просторите на поранешна Југославија блеснаа изминатата ноќ во НБА лигата. Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над Вашингтон, а Богдан Богдановиќ со Атлната во незивесна завршница доживеа пораз од Њујорк.

Лука Дончиќ имаше уште една одлична вечер, Далас Маверикс го совлада Вашингтон Визардс со 130:117 на гостински терен.

Тим Хардавеј се истакна со 31 поен, Дончиќ оствари дабл-дабл со 26 поени, 10 асистенции и седум скока.

Лука стана кошаркарот кој ајмногу пати до 25 години имал натпревари со најмалку 25 поени, пет скока и 10 асистенции. Досега одиграл 75 такви натпревари.

Уште четворица кошаркари на Далас имаа двоцифрен учинок – Џонс постигна 20, Лајвли 17, Ирвинг 15, а Вилијамс 10 поени.

Кузма ги предводеше Визардс до победата со 22 поени, Пул додаде 16, а одлична вечер имаше и Дени Авдија со 15 поени, четири асистенции и три скока.

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ блесна во поразот од Атланта Хокс. Њујорк Никс победи во Стејт Фарм Арена 116:114, а Богдан имаше 28 поени, три скока и три украдени топки. Го следеше Џонсон со 18 поени.

Никс стигнаа до шестата победа на крилата на добрата игра на Рендл, 29 поени, 100 скока и осум асистенции.

Орландо Меџик триумфираше на гостувањето кај Чикаго Булс – во Јунајтед Центар беше 96:94.

Феникс Санс ја победи Минесота со 133:115, по 31 поен постигнаа Девин Букер и Кевин Дурент, Бостон како гостин ја совлада Филаделфија со 117:107, додека Сакраменто го победи Лос Анџелес Лејкерс со 125:110. Кливленд беше сигурен против Портланд 109:95.

Милвоки, без Јанис Адетокумбо беше подобар од Торонто Репторс со 128:112. Демијан Лилард мечот го заврши со 37 поени, 13 асистенции и четири скока.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK