(Видео) Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ достапен на „Јутјуб“

Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на „Јутјуб“. „Цртаниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување“, соопшти Министерството. Видеото е достапно на македонски …

Continue Reading

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и …

Continue Reading

Студија на УКИМ: Добивката на ЕВН Македонија е целосно реинвестирана во домашната економија

11.05.2026, Скопје: Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е …

Continue Reading

Најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хепенинг “The Distinguished Gentleman’s Ride – Skopje” во своето 11-то издание

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Ride оваа година го слави своето 11-то Скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. 11-та Скопска …

Continue Reading

Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад

Во градинките во општина Аеродром се одржа серија едукативни и креативни работилници за правилно селектирање отпад, наменети за деца од предучилишна возраст. Под мотото „Малите еко-херои за чиста иднина“, компанијата „Еуро-Екопак“ како колективен постапувач за отпад од пакување, преку игра, разговор и уметност ги доближи до најмалите основните навики за грижа кон природата и животната средина. Работилниците се одржуваа минатата …

Continue Reading

Трамп размислува за повторно започнување на „Проектот Слобода“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека размислува за повторно започнување на неговиот краткотраен „Проект Слобода“, овој пат со проширени цели што би оделе подалеку од придружба на бродови низ Ормутскиот теснец. Трамп го изјави ова во денешното телефонско интервју за „Фокс њуз“, истакнувајќи дека конечната одлука сè уште не е донесена. Иницијативата првпат беше објавена минатата недела, но набрзо беше …

Continue Reading

Глобалниот форум за дизајн ќе ги собере врвните меѓународни дизајнери во Истанбул

Со својата единствена енергија, Истанбул секогаш бил неисцрпна инспирација за уметниците и дизајнерите. Овој град со богата и историја и култура, секоја година е домаќин на над 20 меѓународни уметнички и дизајнерски настани, а од 13 до 16 мај, годинава за првпат во Истанбул се одржува Глобалниот форум за дизајн, што дополнително ја зајакнува неговата улога како место за средби …

Continue Reading

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 километри на час, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе …

Continue Reading

Калас: ЕУ ја зголемува одбранбената соработка со Заливот поради Иран

Европската унија ќе ја зголеми соработката со земјите од Советот за соработка во Заливот – Катар, Бахреин, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати – поради војната што го тресе регионот. „Ќе ја забрзаме работата на договорите за стратешко партнерство со сите шест земји од Заливот и сме подготвени да ја забрзаме нашата безбедносна и одбранбена соработка“, изјави за …

Continue Reading