Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на „Јутјуб“.
„Цртаниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување“, соопшти Министерството.
Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е подготвено и на албански и англиски јазик, со цел содржината да биде достапна до поширока публика.