Најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хепенинг “The Distinguished Gentleman’s Ride – Skopje” во своето 11-то издание


motori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Ride оваа година го слави своето 11-то Скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска.

Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. 11-та Скопска едиција досега наговестува импресивни резултати, бидејќи оваа година на улиците на главниот град, ќе излезат повеќе од 220 “дотерани” мотоциклисти со своите класични блескави машини.


Сепак, вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 60.5 милиони Долари, а на кој настан зедоа учество над 340.000 учесници во повеќе од 121 држави и 1070 градови во светот. Секако и Македонија, односно Скопското издание придонесе во овие бројки од 2016-та, со повеќе од 24,000 долари.

Блескавилото на прекрасните мотоцикли и шармот на “дотераните” моторџии и оваа година ќе бидат задолжителен фолклор на Скопскиот настан, со цел да се одржат добропознатите тематски постулати на овој настан – ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства.

Екипата на Gentleman’s Crew Skopje, организатор на Скопското издание на популарниот DGR упатува благодарност до сите учесници, партнери и пријатели, кои придонесуваат и оваа година популарниот Ride да ги надмине своите досегашни достигнувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK