Сообраќајка меѓу товарно возило и трактор во Валандовско: тешко повреден трактористот

Синоќа во 18.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Јосифово, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(56) од Неготино и трактор „имт“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(58) од село Јосифово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија. …

Continue Reading

Тешко повреден штипјанец по судир меѓу мопед и патничко возило

Вчера во 10.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Лески“ со ул.„Богомилска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“, управуван од Ч.Р.(73) и патничко возило „даеву матиз“, управувано од П.Г.(70), и двајцата од Штип, а двете возила со штипски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ч.Р., констатирани во Клиничка болница …

Continue Reading

19-годишник од Косово уценувал малолетничка: и барал пари за да не објави експлицитни фотографии

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Л.(19) државјанин на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „злоупотреба на лични податоци“. Имено на 21.12.2023, малолетничка пријавила дека Х.Л. во текот на декември 2023, без нејзина согласност, прибавил експлицитни фотографии, а потоа со намера да се здобие со противправна имотна корист, ја уценувал дека ќе ги …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Ја силувал, а целиот настан го снимил на мобилен телефон: кривична за кумановец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „полов напад и силување“. На 09.06.2024 пријавениот во неговиот дом, со закана извршил обљуба над Б.К., а целиот настан го снимил со мобилен телефон.

Continue Reading

Семејно насилство во Кисела Вода: син ја истепал мајка си и неговата сестра

На 08.07.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината 25-годишна ќерка биле физички нападнати од М.Т.(27) од Скопје, син на пријавителката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Continue Reading

Прегазена 87-годишна жена од Брвеница

Синоќа околу 21.15 часот на регионален пат Тетово-Волковија, кај тетовска Брвеница, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(73) од тетовски Челопек, удрило во 87-годишната Р.А. од Брвеница. Во несреќата Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Малолетно девојче се повредило откако паднало од дотраени седишта на трибини на „Струшко поле“

Малолетно девојче се повредило откако паднало од дотраени седишта на трибини на „Струшко поле“ Имено вчера во 09 часот, А.М.(36) од Струга во полициска станица пријавил дека на 10.06.2024 година, за време на одржување фудбалски натпревар на спортско игралиште во „Струшко поле“, поради дотраеност на седиштата на трибината, неговата малолетна ќерка, паднала и се здобила со повреди.

Continue Reading

Ердоган: НАТО не треба да биде страна во руската војна против Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, но истовремено се придржува до принципиелниот став дека НАТО не треба да биде страна во конфликтот во руско-украинската војна. „Познато е дека го поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина. Ако зборуваме за следните чекори за поддршка на Украина, остануваме и …

Continue Reading

Четири лица се затруле со храна: затворена гостилница во скопско Влае

По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае, информираат од Агенцијата …

Continue Reading