Четири лица се затруле со храна: затворена гостилница во скопско Влае

87634886_538480686781068_7111100235849400320_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае, информираат од Агенцијата за храна.

За лабораториско испитување, земени биле брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата.

„На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за чистење и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица.

Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање“, велат од АХВ.

Во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, АХВ упатува апел операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP принципите за безбедност и правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса со цел обезбедување на безбедна храна за граѓаните и заштита на нивното здравје.

Потрошувачите да бидат одговорни купувачи, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури, препорачува АХВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK