Ердоган: НАТО не треба да биде страна во руската војна против Украина

Ердоган-ја-предупредува-Ерменија-Прифатете-ја-раката-на-мирот-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, но истовремено се придржува до принципиелниот став дека НАТО не треба да биде страна во конфликтот во руско-украинската војна.

„Познато е дека го поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина. Ако зборуваме за следните чекори за поддршка на Украина, остануваме и на нашиот принципиелен став дека НАТО не треба да биде страна во војната“, рече Ердоган пред заминувањето на самитот на НАТО во Вашингтон, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Ердоган рече дека нема да има губитници во праведен мир, истакнувајќи дека Турција од самиот почеток ја презеде одговорноста да обезбеди прекин на огнот и да го отвори патот за траен мир.

„Секој ден, кога пушките зборуваат, се пролева крв и умираат луѓе, што покажува колку сме во право“, рече Ердоган.

Денеска во Вашингтон започнува тридневниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од постоењето на тој воен сојуз, а главна тема на состанокот ќе биде потврда на непоколебливата поддршка за Украина.

Сојузниците, исто така, ќе разговараат за зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на военото производство и индустриската база, подобрување на партнерствата во Алијансата и инвестирање во сопствената и колективната одбрана на членките на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK