Сообраќајка меѓу товарно возило и трактор во Валандовско: тешко повреден трактористот

brza-pomos.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Синоќа во 18.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Јосифово, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(56) од Неготино и трактор „имт“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(58) од село Јосифово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK