Чествување на македонскиот јазик во Романија

На 7 декември, во Музејот на романската литература во Букурешт, Романија, ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик. На иницијатива на Амбасадата на Р.С. Македонија во Романија, лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Букурешт – Елена Ѓорѓиовска и филологот по романски јазик и книжевност Теа Теохаревска-Иванова, во фокусот на ова одбележување на Денот на македонскиот јазик …

Continue Reading

Проф. Цицонков: Климатските промени убиваат луѓе иако нема воено оружје

На 30 ноември 2023 година во Дубаи (ОАЕ) почна годишната конференција за климатски промени наречена COP (Conference of Parties). Оваа конференција е 28-ма по ред во рамките на Обединетите Нации (ОН) и нејзината конвенција наречена United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC). Не се сите задоволни што COP28 се одржува во ОАЕ, држава која е на седмото место во …

Continue Reading

Австријците се смрзнуваат: во делови од земјата се измерени -25 степени

По саботниот снег и сообраќаен хаос во поголемиот дел од Австрија, вклучително и Виена, температурите на воздухот  се екстремно ниски во оваа земја. Поларниот студ, меѓу другото, го зафати и северот на Австрија, каде утрово е забележана најниска температура од -25,4 степени Целзиусови, јавуваат австриските медиуми. Станува збор за местото Гугу во општина Либенау. Но, и другите делови на Австрија …

Continue Reading

Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка

Во Скопскиот кривичен суд  е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за убиството. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрага. Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на …

Continue Reading

Грковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата за да имаме ефикасен систем отпорен на корупција

Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во делот на оценување на состојбата со корупцијата во Северна Македонија беше главна точка на денешната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Претставниците на институциите кои се дел од ова …

Continue Reading

Оставка и одговор од Спасовски, кога знаел за убиството и дали молчел заради Самитот, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Наместо МВР да праќа паушални соопштенија треба веднаш да одговори кога Оливер Спасовски дознал за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ, реагираат од опозициската партија. „Се случиле две свирепи убиства, сред бел ден возилото со кое била грабнато девојчето било возено низ скопските улици, а ниту МВР, ниту Спасовски не забележале …

Continue Reading

Неколку лица избодени со нож при тепачка во градски парк во Приштина

Неколку лица се избодени со нож во градски парк во Приштина, каде непосредно претходно настанала тепачка, пренесува Телеграфи. Според првите информации, конфликтот се случил во населбата „Качаларет“. Еден од учесниците во инцидентот, кој е осомничен дека замавнал со нож, бил сопрен од граѓанин. Косовската полиција се уште не излезе со официјално соопштение.

Continue Reading

Бугарското МВР нема информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на нивна територија

Бугарското МВР нема податоци дека Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, се наоѓа на територијата на Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми. „Во моментов нема докази дека мажот, кој наводно е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишно девојче во Република Северна Македонија, се наоѓа на бугарска …

Continue Reading

Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе, порача Спасовски

Искрено сочувство до семејството, другарките и другарите, како и наставниците, за големата загуба на Вања, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. „Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе. Почивај во мир, Бог нека ти подари рајски градини“, објави Спасовски на фејсбук.

Continue Reading