Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка

МВР-за-нападот-во-продавницата-за-бела-техника-настанот-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Скопскиот кривичен суд  е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за убиството.

Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрага.

Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.

Петтиот осомничен Љупчо Палевски – Палчо којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата се наоѓа во бегство. До овој момент МВР нема распишано меѓународна потерница, бидејќи предметот е се уште во предистражна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK