Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. „Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка …
Continue Reading
Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија
На прашањето дали верува дека дипломатско решение за војната со Иран е сè уште можно, американскиот претседател, Доналд Трамп, не даде конкретен одговор. „Не, мислам… многу е можно“, одговори тој. „Видете, имав договор со нив четири или пет пати. Потоа тие се предомислија. Раководството е со многу нечесни луѓе. Не заборавајте, ова е ниво три. Нивото едно исчезна. Тие беа неразумни. …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и …
Continue Reading
Левица: Изборот на Зајкова за член на Антикорупциска е скандалозен
Денешната одлука на собраниската комисија со која Катерина Зајковска е предложена за нов член на Антикорупциска комисија претставува скандалозен обид за континуитет на истите структури кои ја компромитираа Антикорупциската комисија, велат од Левица. Одтаму наведуваат дека претходно објавиле, како што велат, сериозни сомнежи дека токму Катерина Зајковска, како вработена во секторот за финансирање на политички партии во ДКСК, била дел …
Continue Reading
Муцунски во Брисел ја реафирмираше поддршката за Украина: Земјата се соочува со неоправдана агресија од Русија
Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Состанокот на високо ниво на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, кој се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската Унија. „Во своето обраќање, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката на државата за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален …
Continue Reading
Дрон со експлозив пронајден во Грција, се сомнева дека е од Украина
Грчките власти почнаа истрага откако дрон наполнет со експлозив завршил во морето на западот од земјата. Истрагата, во која се вклучени и специјализирани воени тимови, беше проширена за време на викендот откако експерти за деактивирање морски бомби го детонираа дронот што рибар го пронајде во пештера минатиот четврток, објавува The Guardian. Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас изјави дека дронот, …
Continue Reading
Интензивирање на меѓупарламентарната соработка со Швајцарија
Во рамки на работната посета на Берн, Швајцарска Конфедерација, претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација, оствари средби со претседателот на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, Пјер-Андре Паж, како и со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). „На средбата со претседателот Паж беше изразено заедничко задоволство од одличните и пријателски билатерални односи меѓу двете земји, …
Continue Reading
(Видео) Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ достапен на „Јутјуб“
Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на „Јутјуб“. „Цртаниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување“, соопшти Министерството. Видеото е достапно на македонски …
Continue Reading
Трамп размислува за повторно започнување на „Проектот Слобода“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека размислува за повторно започнување на неговиот краткотраен „Проект Слобода“, овој пат со проширени цели што би оделе подалеку од придружба на бродови низ Ормутскиот теснец. Трамп го изјави ова во денешното телефонско интервју за „Фокс њуз“, истакнувајќи дека конечната одлука сè уште не е донесена. Иницијативата првпат беше објавена минатата недела, но набрзо беше …
Continue Reading