(Видео) Јамал ја скрши Мајорка
Фудбалерите на Барселона ја победија Мајорка со 1:0 во првиот натпревар од 28. коло од шпанската Примера. Натпреварот на „Монжуик“ го реши вундеркиндот на Барселона, Ламин Јамал. Браселона вложи многу труд да го пробие бедемот на Мајорка, чии гол брилијантно го чуваше Предраг Рајковиќ. Српскиот репрезентативец во 24.минута му одбрани пенал на Илкај Гундоган, а во финишот на првиот дел …
Continue Reading
(Видео) Спектакуларен гол на Санабрија – Торино освои бод против Наполи
Наполи ремизираше со Торино (1:1) во првиот натпревар од 28.коло во Серија А. Дуелот на „Диего Армано Марадона“ стадионот беше решен во периодот од 61. до 64.минута, кога беа постигнати двата гола. Наполи осана на седмото место со 44 бода, Торно е на 10 место со 38. Победата на Наполи му ја „украдоа“ голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, кој имаше …
Continue Reading
„Затвор? Јас ја платив казната“
Италијанскиот стручњак и тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е невин и веќе платил казна за затајување данок. Шпанското обвинителство во Мадрид, во средата побара затворска казна од четири години и девет месеци за тренерот на Реал поради затајување данок. Шпанските медиуми пренесуваат дека италијанскиот тренер е обвинет за проневера на 1.062.079 евра во текот на фискалната 2014 …
Continue Reading
Ферстапен пред Леклер на пол-позцијата во Џеда
Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позцијата на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда. Актуелниот светски првак, беше најбрз на тренинзите, соминацијата ја пренесе и во квалификациите. Ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг 1:27.472 минути. Три десетинки послаб резултат имаше Шарл Леклер, тој со своето Ферари трката ќе ја започне од втората позиција. Вториот ред на стартот …
Continue Reading
Трипие ги пропушта дуелите со Чеси и Сити
Фудбалерот на Њукасл, Киран Трипие ќе пропушти најмалку два натпревари поради повреда на потколеницата, изјави денеска менаџерот на „страчките“, Еди Хау. Трипие се повреди минатиот викенд на натпреварот против Вулверхемптон (3:0) во Премиер лигата и мораше да го напушти теренот на почетокот на второто полувреме. „Се работи за полесна повреда, но тестовите покажаа дека не можеме да сметаме на него …
Continue Reading
Штутгарт го продолжи договоорт со Хенес
Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, ја продолжи верноста кон клубот на уште две години. Хенес ги презеде „Швабите“, минатата пролет и ги спаси од испаѓање. Минатата сезона Штутгарт заврши на 16. позиција и бундеслигашкиот статус го обезбеди преку баражот со третопласираниот тим во Цвајта. Со минимална инвестиција, германскиот стручњак потоа го трансформираше тимот – го промени стилот на игра и …
Continue Reading
По дебаклот во Конференциската лига Олимпијакос му го продолжи договорот на Мендилибар
Фудбалскиот клуб Олимпијакос ја продолжи соработката со тренерот Хозе Луис Мендилибар ден по тешкиот пораз од Макаби (1:4), во осминафиналето на Конференциската лига. Шпанскиот стручњак го презеде тимот пред само еден месец, договори соработка до крајот на сезоната, но во петокот ја продолжи верноста до уни 2025 година. На 10 февруари Мендилибар го наследи Португалецот Карлос Карвахал на клупата на …
Continue Reading
Де Лаурентис најави изградба на нов стадион
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис најави изградба на нов стадион за клубот. Според него, планот е да се изгради нов објект во областа Бањоли. „Нема да го реконструирам стадионот на кој играме. Ќе изградам нов во Бањола“, изјави првиот човек на се уште актуелниот шампион на Италија. Темата за реновирање на стадионот на Наполи е актуелна поради лошата состојба …
Continue Reading
Саинц нема да вози во Џеда поради воспаление на слепото црево
Возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, нема да настапи на трката за ГН на Саудиска Арабија поради воспаление на слепото црево. Него ќе го замени британскиот возач кој се натпреварува во Формула 2, Оливер Берман. Саинз се чувствуваше лошо пред вториот тркачки викенд, па го „прескокна“ интервјуто со медиумите пред да излезе на патеката. Шпанецот учествуваше на првиот и вториот …
Continue Reading