Скопје во недела повторно трча во ритамот на Виз Ер Скопскиот маратон
Сè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките за големиот спортски настан. Годинава …
Continue Reading
Окон го потврди заминувањето од Хас
Францускиот возач Естебан Окон дефинитивно го напушта тимот на Хас на крајот од сезоната. Сепак, ова не значи дека ја завршил кариерата, иако ќе земе одмор следната година, или поточно, нема да се натпреварува во Формула 1. „Мојата епизода во Хас ќе заврши на крајот од сезоната 2026. Го напуштам проектот со крената глава и горд на она што го …
Continue Reading
Ферари го поддржа Фредерик Васер
Фредерик Васер ќе остане на чело на тимот на Ферари и во иднина. Ова е одлука на менаџментот, бидејќи Кристијан Хорнер, некогашен прв човек на Ред Бул, изјави дека е заинтересиран да се приклучи на Скудерија. Марија Конти, првиот човек што комуницираше со медиумите, го пренесе она што го кажаа Џон Елкан и Бенедето Виња, главните луѓе во Ферари. „Нашиот …
Continue Reading
Астон Мартин ќе остане со истите возачи
Астон Мартин одлучи да го задржи истиот тим возачи за 2027 година во Формула 1. Ова значи дека Фернандо Алонсо и Ленс Строл сè уште ќе бидат зад воланот на британскиот тим, иако нивните резултати се далеку од задоволителни. Астон Мартин освои само три бода оваа година и е 10-ти меѓу 11 тима во конкуренција на конструктори. Само Кадилак без …
Continue Reading
Расел: Притисокот е врз Кими, а јас ќе се тркам од трка до трка
Џорџ Расел (28) успеа да го намали водството на Кими Антонели во шампионатот во Формула 1 минатиот викенд, откако ја оствари својата трета победа во сезоната, осма во кариерата. Расел победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Британскиот возач тврди дека притисокот е поголем врз Антонели како што сезоната се ближи кон крајот. Сепак, според него, младиот Италијанец останува …
Continue Reading
Одбојкарите на Полска ја одбранија европската титула
Полските одбојкари ја одбранија титулата европски шампион, откако ја победија Франција со 3:1 во големото финале во Милано, по сетови 31:29, 25:19, 20:25 и 25:16. Тимот предводен од српскиот стручњак Никола Грбиќ ја одбрани европската титула и уште еднаш потврди дека во моментов претставува една од најголемите сили во светската одбојка. Грбиќ ја предводи Полска од 2022 година, а ова …
Continue Reading
Џорџ Расел ја освои Големата награда на Азербејџан
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Британецот триумфално го заврши викендот во Баку, во кој доминираше од првиот тренинг. Расел ја забележа осмата победа во кариерата, а прв пат во кариерата до неа дојде таканаречениот Гренд слем, стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката. …
Continue Reading
(Видео) Џорџ Расел ја растури конкуренцијата во борбата за пол-позицијата, Антонели си ги уништи квалификациите
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, буквално ја декласира конкуренцијата и ја освои пол-позицијата, пред утрешната трка за Големата награда на Азербејџан. Лидерот во вкупниот пласман, колегата на Расел, Андреа Кими Антонели, ќе започне од 16-то место, тој во првиот дел ги заврши квалификациите, откако удри во ѕидот во првата кривина и го оштети болидот. 🚨 KIMI ANTONELLI IS OUT IN …
Continue Reading
Хаџар доби нов договор
Исак Хаџар ќе се врати претстојниот викенд во Баку на Големата награда на Азербејџан по повредата на зглобот. Тој беше заменет од Лиам Лосон во три трки. Пред неколку дена, Ред Бул објави дека Хаџар се враќа, а во среда наутро беше донесена друга одлука, тој да му биде партнер на Макс Ферстапен, до 2027 година. Патем, тој го замени …
Continue Reading