Бруно не е на продажба

Манчестер Јунајтед нема да го продаде Бруно Фернандеш ова лето по никоја цена, објави „Скај Спортс“. Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот капитен на Јунајтед, кој, според турските медиуми е подготвен да даде голема понуда, но од „Олд Трафорд“ стигна јасна порака дека Португалецот не е на продажба. Фернандеш влегува во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да …

Continue Reading

Диего Мореира во Милан

Фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Диего Мореира. Клубот од „Сан Сиро“ на Стразбур ќе му плати 45 милиони евра, дополнителни пет милиони францускиот клуб може да заработи преку бонусите. Мореира беше меѓу најбараните играчи во текот на целиот преоден рок. Германски и италијански клубови сериозно се бореа за неговите услуги. Рома упати официјална понуда од фиксни 35 милиони …

Continue Reading

Принцезата Јуџин го откри името на ќерката, ѝ оддаде посебна почит на кралицата Елизабета

Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го објавија името на нивната ќерка, која се роди пред две недели. Девојчето, нивното трето дете и помлада сестра на петгодишниот Август и тригодишниот Ернест, се вика Аделаида Елизабет Анина Бруксбанк. Јуџин го откри името на Инстаграм, каде што сподели и неколку нови фотографии од девојчето. „Нашето мало девојче пристигна пред точно две …

Continue Reading

Неочекувано, се пензионира Никола Калиниќ

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од активната кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник тренер во Звезда. Поради мојата животна ситуација, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од лудото возење“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги …

Continue Reading

Трамп: Иран сака договор, но не под условите на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран сака да постигне договор со САД за неговата нуклеарна програма, но сè уште не е подготвен да прифати услови што, според мислењето на Трамп, би го спречиле да развива нуклеарно оружје. На прашањето дали двете страни се поблиску до конечно решение по принципиелниот договор во јуни, Трамп потврди дека Иран е подготвен …

Continue Reading

Трамп ја тужи Би-Би-Си за 10 милијарди долари 

Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си побара од судот во Флорида да издаде судски покани за членовите на семејството на Доналд Трамп. Овој потег е дел од правната одбрана во тужбата што Трамп ја поднесе против Би-Би-Си барајќи 10 милијарди долари отштета за клевета, според судскиот поднесок објавен во петок, објави CBS News. Правниот тим на Би-Би-Си побара од Окружниот суд …

Continue Reading

Пакомак ја потврди лидерската улога во управувањето со амбалажниот отпад и по 15-ти пат ги исполни националните цели на Министерството за животна средина

Пакомак ја продолжува својата мисија како еден од најзначајните носители на системот за селекција, собирање и управување со амбалажниот отпад во земјата. Министерството за животна средина и просторно планирање повторно ја обнови дозволата за работа на компанијата, откако по 15-ти пат по ред го одобри нејзиниот годишен извештај и потврди дека Пакомак не само што ги исполнил, туку и ги …

Continue Reading

Крадци украле ремек-дела од ренесансата на Сицилија, се истражува можна врска со мафијата

Кражбата на четири слики од ренесансниот мајстор Антонело да Месина може да биде поврзана со организиран криминал и ја доведува во прашање безбедноста на музејот во родниот град на уметникот, изјави во понеделник локален службеник, објави „Ројтерс“. Енцо Карузо, советник за култура во Месина, верува дека е тешко да се разбере како крадците успеале да ги отстранат делата за само …

Continue Reading

(Видео) Чешкиот премиер се извини дека берел цвеќиња во национален парк

Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на планината. „Можеби сум прекршил некој закон, …

Continue Reading