Пакомак ја потврди лидерската улога во управувањето со амбалажниот отпад и по 15-ти пат ги исполни националните цели на Министерството за животна средина


пакомак 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакомак ја продолжува својата мисија како еден од најзначајните носители на системот за селекција, собирање и управување со амбалажниот отпад во земјата. Министерството за животна средина и просторно планирање повторно ја обнови дозволата за работа на компанијата, откако по 15-ти пат по ред го одобри нејзиниот годишен извештај и потврди дека Пакомак не само што ги исполнил, туку и ги надминал поставените национални цели.

„Обновувањето на дозволата од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање е уште една потврда дека Пакомак работи одговорно, транспарентно и во согласност со законските обврски. Нашиот пристап е јасен – ако сакаме успешен систем за управување со отпад, мораме најголемиот дел од приходите да го вратиме назад во општеството, преку инвестиции во инфраструктура, едукација и нови решенија што им помагаат на граѓаните полесно да селектираат и правилно да го одложуваат отпадот“, велат од Пакомак.


Во текот на 2025 година, преку системот на Пакомак се собрани 37.655 тони амбалажен отпад, односно 68% од пријавениот отпад од пакување, со очекување во 2026 година да се достигне законската цел од 69%. Овие резултати се остварија преку континуирани вложувања на 73% од буџетот на компанијата за отпадна инфраструктура, контејнери, канти, машини и опрема, трошоци за собирање на селектираниот отпад од пакување и негова секундарна селекција, балирање и понатамошно рециклирање, и над 10% за инвестиции во едукативни активности за подигање на јавната свест.

Со своето 15-годишно искуство, Пакомак изгради систем кој денес е препознатлив дел од секојдневието на граѓаните – жолти контејнери за пластика, сини за хартија, зелени игло-контејнери за стакло и мрежа на решенија што ја прават селекцијата подостапна. Компанијата соработува со 68 од вкупно 80 општини во земјата, помагајќи во зајакнување на локалната отпадна инфраструктура и во создавање услови за почиста и поздрава животна средина.

Посебно значајна иновација се Повратните вендинг-машини, кои Пакомак ги поставува на урбани и високофреквентни локации, како маркети, трговски центри, јавни простори и други места каде што граѓаните секојдневно се движат. Овие машини овозможуваат брзо, едноставно и практично одложување на пластични шишиња и лименки, со што рециклирањето станува достапно во реалниот животен ритам на луѓето, без дополнителен напор или посебно планирање.

Преку апликацијата ЕкоМак, секое одложено пакување носи „зелени поени“, кои потоа можат да се користат за различни бенефити – плаќања, попусти, донации или други можности што го поврзуваат еколошкото однесување со директна вредност за корисникот. На овој начин, Пакомак го претвора рециклирањето од обврска во позитивна навика, мотивирајќи ги граѓаните активно да учествуваат во системот и да почувствуваат дека нивниот мал секојдневен придонес има конкретен ефект.

Вендинг-машините имаат и пошироко системско значење: тие придонесуваат кон почиста селекција на отпадот уште на местото на создавање, ја намалуваат количината на амбалажа што завршува во мешан комунален отпад и ја зголемуваат видливоста на рециклирањето во јавниот простор. Со нивното ширење, Пакомак создава современ, дигитализиран и мотивирачки модел на управување со амбалажен отпад, кој е особено важен за младите генерации и за развој на трајна еколошка култура.

Пакомак со години покажува дека ефикасното управување со отпадот не е само технички процес, туку општествена одговорност. Успешниот систем бара инвестиции, соработка со институциите и општините, но и активно учество на секој граѓанин. Затоа, пораката останува јасна: селектирањето на отпадот е мал секојдневен чекор, но голем придонес за почиста средина и поодржлива иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK