Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го објавија името на нивната ќерка, која се роди пред две недели. Девојчето, нивното трето дете и помлада сестра на петгодишниот Август и тригодишниот Ернест, се вика Аделаида Елизабет Анина Бруксбанк.
Јуџин го откри името на Инстаграм, каде што сподели и неколку нови фотографии од девојчето.
„Нашето мало девојче пристигна пред точно две недели. Оттогаш уживаме во мирни семејни моменти исполнети со љубов“, напиша Јуџин, додавајќи дека „Оги и Ерни се веќе најдобрите постари браќа“.
Името Аделаида ги поврзува англиската и португалската историја, што е особено значајно за семејството кое дел од своето време го поминува во Португалија.
View this post on Instagram
Името е делумно инспирирано од кралицата Аделаида, сопругата на британскиот крал Вилијам IV, како и од португалските историски личности кои го носеле името Марија Аделаида.
Интересно е и тоа што на нејзината свадба во 2018 година, Јуџин носеше два дијамантски брошеви во форма на класови пченица што Вилијам IV еднаш ги нарачал за кралицата Аделаида.
Првото средно име, Елизабета, е избрано во чест на покојната баба на Јуџин, кралицата Елизабета II, и прабаба на Аделаида. Се верува дека името Анина има лично значење за семејството.
„Таа е именувана по три луѓе што ги сакаме и им се восхитуваме, од минатото и сегашноста, вклучувајќи ја и нејзината прабаба, која ја чуваме во нашите срца. Името е дел од англиската и португалската историја, две места што ги сакаме и ги нарекуваме дом“, објасни Јуџин.
View this post on Instagram
Како и нејзините браќа, таа нема да ја носи титулата Нејзино Кралско Височество. Нејзините браќа исто така растат без кралски титули.
Принцезата и Џек Бруксбенк се венчаа во 2018 година и сега поминуваат некое време во Португалија. Џек се занимава со бизнис таму, додека Јуџин продолжува да работи во светот на уметноста.
Иако принцезата Јуџин не е активен член на кралското семејство и не извршува службени должности во име на монархот, таа повремено се појавува на големи семејни и кралски настани.
фото/ЕПА