Утре без вода делови од Општина Центар

Утре без вода ќе останат делови од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација известени сме дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат: -поради уличен дефект од ф -2“ на ул. РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало (Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување …

Continue Reading

Иран им се закани на САД со промена на тактиката

Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во целосна офанзивна поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со Соединетите Американски Држави, изјави денес за „Ројтерс“ висок ирански функционер. Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормутски теснец е целосно запрен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон …

Continue Reading

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија: Дрогата била прикриена како храна, перници и јоргани

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за организиран транспорт на марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Од Обвинителството соопштија дека обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со …

Continue Reading

Венецуела бара враќање на 31 тон злато од Велика Британија

Владата на Венецуела и дел од опозицијата постигнаа договор за заедничко барање за враќање на 31 тон злато во вредност од 4 милијарди долари, кое се наоѓа во трезорите на британската централна банка од 2018 година. Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус дојде по две недели преговори со посредство на САД, а …

Continue Reading

Работна средба на Шасивари со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. „Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот …

Continue Reading

За една ноќ, казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, осумммина уапсени

Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи. „Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата …

Continue Reading

Русија го бара синот на американскиот министер за здравство, се борел на страната на Украина

Русија издаде налог за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, за неговото учество во борбите во Украина во 2022 година. Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ја презеде …

Continue Reading

Стоилковиќ на средба со Колумбиа за продлабочување на соработката за поддршка на општините

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, …

Continue Reading

Девет општини добија грантови за развој на социјални услуги за помош на стари и немоќни лица и лица со попреченост

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе …

Continue Reading