(Видео) Чешкиот премиер се извини дека берел цвеќиња во национален парк


andrej-babish-Depositphotos_285884714_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно.


Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на планината.

„Можеби сум прекршил некој закон, за што се извинувам и сигурно ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој.

Снимката од искачувањето во саботата, објавена на Фејсбук страницата на Бабиш, го прикажува премиерот како се искачува со мал букет цвеќе, кој потоа го положи на споменикот на врвот. На Бабиш на врвот од 1.324 метри му се придружија двајца министри, политичари од партијата АНО и нивни поддржувачи. Лиса хора е највисокиот врв во Моравско-шлеските Бескиди.

Експерт за животна средина, кој работи за организација под надзор на чешкото Министерство за животна средина, изјави за чешкиот медиум iDNES дека Бабиш набрал два сосема нормални вида и дека е малку веројатно дека ќе биде казнет.

„Ова се сосема нормални цвеќиња. Апсолутно нема проблем, дури ни во национален парк“, рече експертот, чие име не беше објавено од медиумот.

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK