Путин: Русија во моментов не планира да го освои Харков

Русија во моментов не планира да го окупира Харков, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Претседателот на Русија на прес-конференција во кинескиот град Харбин, за време на неговата дводневна посета на Кина, изјави дека руските војници во близина на Харков секојдневно напредуваат, строго според планот, пренесува РИА Новости. Путин рече дека одговорноста за она што се случува во правец на …

Continue Reading

Објавена програмата на четвртиот скопски поетски фестивал

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат …

Continue Reading

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Само неколку недели остануваат! DynamicsMinds 2024 конференцијата за корисници на Microsoft Dynamics 365 и Power Platform ќе се одржи на прекрасниот словенечки брег од 26 до 29 мај. Таа ќе поврзе повеќе од 1,000 учесници, ќе обезбеди учење од над 170 индустриски експерти и ќе покаже како да се отклучи целиот потенцијал на деловните апликации. DynamicsMinds 2024 е повеќе од …

Continue Reading

Тухел, дефинитивно, заминува од Баерн

Томас Тухел дефинитивно ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната. Клубот преговараше со тренерот откако неколкуте кандидати одбија да го преземат Баерн. Баерн со месеци безуспешно бара нов тренер, испратија понуди до Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рагник, но сите рекоа „Не“. Поради ова, чените луѓе на Баерн влего во преговори со Тухел. Сепак, како што потврди на …

Continue Reading

Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, тој останува на интензивна нега

Лекарскиот совет во болницата во словачкиот град Банска Бистрица најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот Роберт Фиц, врз кој беше извршен атентат во средата, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини. Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе остане на интензивна нега, соопшти денеска владата на земјата, пренесува Ројтерс. Тој во четвртокот го посети Фиц, …

Continue Reading

Томислав Николиќ имаше сообраќајна несреќа

Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа. Несреќата се случила утрово околу 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“. Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени.

Continue Reading

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи. Метлер истакна дека е „апсолутно неприфатливо“ таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“. „Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого би сакал прво да …

Continue Reading

(Видео) Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот

Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков. Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи. Русите …

Continue Reading

Aвтомобил излета од автопат кај клучката Коњари, 60-годишна жена е тешко повредена

Вчера на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучката „Коњари“, патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(39) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.(60) од Кочани, додека другиот сопатник Г.Ј.(64) од Кочани се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од …

Continue Reading