Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

фг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.

Метлер истакна дека е „апсолутно неприфатливо“ таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.

„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого би сакал прво да разговара, без размислување, го именуваше швајцарскиот министер за правда Бит Јанс.

Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС порака на Метлер во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.

Пред 18 месеци, швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK