(Видео) ПСЖ и Баерн се класа за Реал Сосиедад и Лацио

ПСЖ и Баерн Минхен први изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. ПСЖ и во реваншот го победи Реал Сосиедад, додека Баерн, на домашен терен ја надомести негативата од првиот меч против Лацио. Блескаа најдобрите стрелци на ПСЖ и Баерн, Килијан Мбапе и Хари Кејн. ПСЖ во реваншот, во Сан Себастијан, го победи Реал Сосиеда со 2:1. „Светците“ со …

Continue Reading

Ненад Димитирјевиќ ја растури ЦСКА Москва

Кошаркарите на Уникс од Казан ја совладаа ЦСКА во „Мегаспорт арената“ со 78:84 во ВТБ лигата. Натпреварот, со нестварна партија, го обележа македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Димитријевиќ постигна рекордни во кариерата 38 поени, запиша и пет асистенции. Од поле промаши само еднаш 12-13 (8-8 за два, 4-5 за три, 10-11 слободни фрлања). Половина од поените Димитријевиќ ги постигна во последната …

Continue Reading

Манзано суспендиран поради спорна одлука на „Местаља“

Шпанскиот судија Хесус Хил Манзано е суспендиран по контроверзната одлука на крајот од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (2:2). Манзано сигирно нема да суди во наредните две рунди од Ла Лига. Судијата веќе беше делегиран за следните натпревари, но по голем притисок беше избришан од списокот. Останува да видиме дали по оваа одлука ќе бидат укинати црвените картони за …

Continue Reading

На најголемиот ривал на Мадуро му e забрането да се кандидира, познат датумот на изборите во Венецуела

Во Венецуела ќе се одржат претседателски избори на 28 јули, изјави денеска шефот на Националниот изборен совет Елвис Аморосо. Се очекува претседателот Николас Мадуро да се кандидира за реизбор, но не е јасно со кој опозициски кандидат ќе се соочи. Во јануари, Врховниот суд ја потврди забраната за јавна функција за Марија Корина Мачадо, која победи на прелиминарните избори на …

Continue Reading

(Видео) Азербејџан ја уништи зградата на ерменскиот парламент во Нагорно Карабах

Државната телевизија на Азербејџан објави снимка на која се гледаат ровокопачи како ја уништуваат зградата во која некогаш се наоѓаше отцепениот етнички ерменски парламент на Нагорно-Карабах. Уривањето кое го пренесуваше телевизија, демонстративно го нагласува повторното воспоставување на контролата на Азербејџан откако нивните сили го вратија Карабах минатата година, кога побегнаа повеќе од 100.000 етнички Ерменци. Државните медиуми на Азербејџан објавија …

Continue Reading

Полска истражува три неидентификувани балони пронајдени во близина на границата со Русија

Полските медиуми објавија дека три неидентификувани објекти кои личат на метеоролошки балони се пронајдени во североисточниот дел на земјата, некои од нив со кирилични натписи. Предметите се пронајдени во регионот на Мазуриските езера, недалеку од границата со руската ексклава Калининград. Приватната радио станица РМФ ФМ соопшти дека ниту еден од балоните немал посебни уреди прикачени на нив. Емилија Плавска од …

Continue Reading

Холандија гради четири нови нуклеарни централи

Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две. Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година. Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача да развие план за изградба …

Continue Reading

Германец бил вакциниран против корона 217 пати

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвиваше во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува „Би-би-си“. Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг. „За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го …

Continue Reading

Николовски: Не им беше доволна блокадата на законите во интерес на земјоделците, па сега тргнаа во блокада на програмите за поддршка на малите винарии и производители на храна

„Апсолутно не ми е јасно како може некој што е дополнителен заменик, или има било каква позиција, да биде и да се сврти против 2.500 мали опретаори со храна, кои што претходно ги немало, а кои што се сега се регистрирани согласно правилниците за флексибилност од праг, донесени врз база на закон со кои што сме овозможиле многу полесна регистрација“, …

Continue Reading