Холандија гради четири нови нуклеарни централи

nuklearki1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две.

Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година.

Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача да развие план за изградба на две дополнителни електрани.

Нуклеарните централи ќе играат важна улога во енергетската транзиција на Холандија, која има за цел производството на електрична енергија да го направи јаглеродно неутрално до 2040 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK