Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него. Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да …
Continue Reading
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР. Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР. Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на …
Continue Reading
Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти МВР. Според информациите од полицијата, на 18 февруари 2026 година, во семејниот дом во Битола каде што живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети …
Continue Reading
МВР поднесе кривична за жена од Делчево – нападнала дете додека си играло со нејзиниот внук
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А. (64) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од МВР. Според информациите, на 6 февруари во двор од семејна куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник кој си играл со нејзиниот малолетен внук.
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби
ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера …
Continue Reading
Седум лица пријавени за измама по лажна пријава за сообраќајка во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (20) од село Горна Речица, Н.М. (66) од село Мала Речица, И.И. (51) од Тетово, А.Р. (58) од Тетово, И.Р. (38) од село Градец, гостиварско и Н.М. (23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, како и против А.Б. (47) од Тетово поради сомнение за „помагање“ во врска …
Continue Reading
Прилепчанец осомничен за фалсификување свидетелство за да полага за возачка
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР. Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение. Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а …
Continue Reading