Курти: Логично е мерките на ЕУ да бидат укинати пред новите избори на северот на Косово

kurti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е логично мерките што ги воведе Европската унија во Косово да бидат укинати пред да дојде време за одржување нови избори во општините на север на Косово.







„Се подготвуваме за вонредните избори на север и за овие мерки кои се преземени против нас и кои се нарекуваат привремени и реверзибилни, секако очекуваме што поскоро да бидат отстранети и логично е тоа да се случи претходно. Не се работи за услови, туку за логичен редослед на работите, чиј прв чекор треба да биде имплементација на договорот меѓу Бисљими и Лајчак, кој беше спроведен во Братислава и создава минимум нормалност за вонредните избори“, рече Курти на прес-конференцијата по седницата на Владата.

Тој рече дека генерално не е задоволен од работата на Обвинителството, кога беше прашан за ослободувањето на Србите осомничени за напади врз новинари и власти на север.

Курти рече и дека не бил информиран за истрагите на антикорупциската група против пет министри од неговата влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK