Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк Маркез и Раул Фернандез. Хорхе Мартин, трката ја заврши на седмото место.
Марк Маркез ја пропушти првата шанса да обезбеди нова титула. За 10-тата титула во кариерата, на актуелниот шампион му требаше да победи во Катар, а Хорхе Мартин да не освои ниту еден поен.
Пред последните две трки од сезоната (Портимао и Валенсија), Маркез има предност од 60 поени во однос на Мартин, додека Бецеки е сè уште математички во игра бидејќи неговата разлика е 74 поени.
Кај конструкторите Дукати има осум поени предност во однос на Априлија.
Foto/ EPA