Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на Големата награда на Катар.
Италијанецот практично беше катапултиран од своето Дукати кога возачот на Гресини, Фермин Алдегер, невнимателно го турна од патеката.
Тој инцидент предизвика прекин на спринтот, во кој Марк Маркез славеше, а Бањаја веднаш беше однесен во медицинскиот центар на патеката. Прегледите покажаа дека италијанскиот мотоциклист имал две скршеници на десното стапало, поточно четвртата и петтата метатарзална коска.
Дукати објави дека по прегледот во болницата во Доха, ќе се утврди дали Банџаја треба да се оперира.
El terrible accidente que ha sufrido Pecco Bagnaia por el toque de Fermín Aldeguer.
Ha volado muchísimos metros Pecco y le han tenido que sacar en camilla. pic.twitter.com/2azYv6h5vr
— Ju@n🍍 (@JuanIBS98) November 7, 2026
Италијанецот ќе ја пропушти главната трка во недела на патеката „Лусаил“, а подоцна ќе се знае дали ќе може да се врати на патеката до крајот на сезоната. По трката во Катар, остануваат уште две трки, во Портимао и Валенсија, за две и три недели.
Бањаја по завршувањето на сезоната ќе го напушти Дукати, од наредната сезона ќе вози за Априлија.
Гран При на Катар во кралската класа се одржува во недела во 17:00 часот.
Foto/ Depositphotos