Одрони и помали свлечишта на патниот правец Скопје-Тетово-Гостивар
Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје-Тетово-Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот …
Continue Reading
(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила
Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење додека во екот на невремето кое го зафати попладнево Скопје. Нема информации за повредени лица, соопштија од Центарот за управување со кризи. https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/02100045-4f77-41dd-a81b-9c0a4a2e5d0c.mp4 „Макфакс“ претходно објави дека колони возила останаа заглавени на улицата. Граѓаните апелираат да не се користи влезот во Скопје преку …
Continue Reading
(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја
Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје. Граѓаните апелираат да не се користи влезот во Скопје преку Автокоманда бидејќи патот е целосно блoкиран, а градските служби во моментот се на терен. https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/02100045-4f77-41dd-a81b-9c0a4a2e5d0c.mp4 Истовремено блокирани се надвозници кај Бутел и паднати се дрвја на повеќе места. Поплавени се …
Continue Reading
Удираат громови на секои 10 секунди – невреме со силен дожд, грмотевици и град го зафати Скопје
Невреме проследено со силен дожд, град и електрични празнења го зафати Скопје. Гром предмалку удри во oколината на Градскиот парк и го осветли цело Дебар Маало, јавуваат граѓани од лице место. Во дел од Карпош снемало електрична енергија. На дождот претходеше силен ветер. Претходно силно невреме го зафати Тетово, пришто беа пријавени 200 штети меѓу кои на земјоделските култури и …
Continue Reading
Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми
Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето тежело само 3 килограми, а во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го донела мајката. Наредена е обдукција на телото на бебето.
Continue Reading
Поплавени подрумите во повеќе куќи во Тетово, се бара да се исклучи струјата во целиот град поради ризик од струен удар
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град по невремето. Според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. На телефонскиот број 112 стигнале неколку пријави од …
Continue Reading
Градоначалникот Ѓорѓиевски разговараше телефонски со 50 жители на Кисела Вода: „Мојот тим ги запишува барањата“
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денот го поминал во својот кабинет каде телефонски разговарал со повеќе од 50 граѓани за нивните проблеми, потреби и идеи Информираше дека барањата се евидентирани и веднаш ќе се пристапи кон решавање, а сите останати граѓани кои се соочуваат со некаов проблем, можат да се јават на 02/2785400 и да закажат средба. „Нема одмор …
Continue Reading
Кочани се гуши во токсичен чад – депонијата гори, власта се чешла, вели Левица
„Левица ја изразува својата длабока загриженост поради катастрофалното менаџирање на депонијата во подножјето на падините на заштитената Осоговија од страна на градоначалникот од ДПМНЕ, Љупчо Папазов и неговата администрација. Овој долгогодишен проблем не само што не е решен, туку и се влошува, сериозно загрозувајќи го здравјето на граѓаните и еколошката стабилност на регионот“, велат од Левица. „Во депонијата се согоруваат …
Continue Reading
ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар
На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. – Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито …
Continue Reading