Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод – граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

Општина Македонски Брод има огромен потенцијал за развој, а во тој процес од голема помош е поддршката од Европската Унија. Ова беа само дел од ставовите на граѓаните на Македонски Брод, со кои Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и полскиот Амбасадор, Кшиштоф Гжелчик, вчера имааа отворена средба во Домот на културата. Полска е поврзана со Поречието преку етнологот и научник …

Continue Reading

ТАВ АЕРОДРОМИ: Вработените на Охридскиот аеродром исчистија 1 километар од брегот на Охридското езеро

Во проактивен чекор кон одржливост и со цел одбележување на Денот на Охридското Езеро кој е утре, 21 јуни, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, организираше чистење на брегот на Охридското Езеро Под слоганот – „Чистиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово организираше акција за чистење долж брегот на …

Continue Reading

Бесплатен паркинг утре во Центар

По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.

Continue Reading

ТАВ Аеродроми: Вработените на охридскиот аеродром исчистија 1 километар од брегот на Охридското езеро

Под слоганот – „Чистиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово организираше акција за чистење долж брегот на Охридското Езеро, како проактивен потег кон одржливост и одбележување на Денот на Охридско Езеро, кој е утре на 21 јуни. Почнувајќи од пешачката патека „Лабино“, преку вливот на реката Грашница во Охридското Езеро, кон плажата Магнус, до вливот …

Continue Reading

Асфалтирана улица во Јака, општина Илинден

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица добива и пешачка патека по речиси целата должина на улицата. Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оваа улица е од огромно значење за жителите …

Continue Reading

Герасимовски: Признанијата доаѓаат, „Енергија Центар“ наградена за најголем придонес во искористување на обновлива енергија

Трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија кое го основаше Општина Центар доби награда за компанија која во изминатите 12 месеци дала најголем придонес кон одржливоста и искористувањето на обновливи извори на енергија. Наградата ја додели Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (УКИМ),) и ЕВН Македонија односно проектот …

Continue Reading

Општина Ѓорче Петров доби две нови фудбалски игралишта

Општина Ѓорче Петров за краток период заврши со реализација на два значајни спортски проекти од кои придобивки ќе имаат сите жители на општината. Задниот дел од дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ доби сосема нов спортско-урбан лик со изградба на новото фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м. Игралиштето ги исполнува сите услови за рекреација …

Continue Reading

Градоначалникот Ѓорѓиевски организираше забава за учениците со попреченост од Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа, заедно со својата сопруга и дел од неговиот тим ја организираше традиционалната забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа. -Ова е втора година по ред, а е забава по повод завршувањето …

Continue Reading

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката и нејзиното починато новороденче Новороденчето починало во саботата откако ден претходно било родено во Клиничката болница во Битола. Поради компликации …

Continue Reading