Дел од Центар утре без вода поради дефект

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека поради отстранување уличен водоводен дефект на улицата Ленинова бр. 56, на 4 мај 2026 година (понеделник) прекинато водоснабдување ќе имаат дел од жителите во Општина Центар. Без вода ќе останат корисниците од улицата Ленинова, на потегот од улицата Никола Тримпаре до булеварот Партизански Одреди. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и …

Continue Reading

Иран до Трамп: Изберете меѓу невозможна воена операција или лош договор

Разузнавачката единица на иранскиот Корпус на чувари на исламската револуција (IRGC) упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, кој според информации разгледува ирански мировен план од 14 точки, пренесува Скај Њуз. „Трамп мора да избира меѓу невозможна воена операција или лош договор со Исламската Република Иран“, се наведува во пораката на иранската гарда. Во соопштението се додава дека „просторот …

Continue Reading

Хаос на европските граници: Популарни туристички земји привремено се повлекуваат од новите ЕУ контроли

Португалија и Италија би можеле привремено да се откажат од примената на новите гранични контроли на Европската Унија за да избегнат хаос за време на претстојната туристичка сезона, пишува Дејли Мејл. Станува збор за системот ЕЕС (Entry/Exit System), кој бара патниците од земји надвор од ЕУ при влез да даваат биометриски податоци, вклучително скен на лице и отпечатоци од прсти. …

Continue Reading

(ФОТО) Девојката на Ди Каприо се појави во целосно проѕирен фустан и ги украде погледите во Њујорк

Италијанската манекенка Виторија Черети повторно го привлече вниманието на јавноста откако се појави на гламурозна забава во пресрет на Мет Гала во Њујорк во смел, целосно проѕирен фустан. 27-годишната девојка на актерот Леонардо Ди Каприо, носеше црн проѕирен модел со цветни детали од Шанел, под кој се гледаа само гаќичките, бидејќи одлучила да не носи градник. Vittoria Ceretti is seen …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 24 степени

Времето утре, наутро, ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен …

Continue Reading

Берлин испрати јасна порака до Иран: Откажете се од нуклеарната програма и отворете го Ормускиот теснец

Германија се приклучи кон американската позиција кон Иран, откако германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара Техеран повторно да го отвори Ормутскиот теснец и да ја прекине својата нуклеарна програма, пренесе Ал Џезира. „Како блиски сојузници на Соединетите Американски Држави, ја делиме истата цел: Иран мора целосно и проверливо да се откаже од нуклеарното оружје и веднаш да го …

Continue Reading

Четири природни трикови против мравки во домот

Со доаѓањето на потоплите денови, мравките сè почесто влегуваат во домовите во потрага по храна, особено во кујните. Наместо силни хемикалии, постојат неколку природни методи што можат ефикасно да ги одбијат. Нане – Мирисот на нането им е непријатен на мравките. Неколку капки етерично масло на вата може да се нанесат на местата каде што влегуваат или се движат. Оцет …

Continue Reading

ЕУ воведува нови правила за телефоните

Европската Унија од 2027 година воведува нови правила за паметните телефони, со кои батериите ќе мора да бидат полесни за замена и да траат подолго. Целта на регулативата е да се намали електронскиот отпад, да се заштедат пари за потрошувачите и да се поттикне поправка наместо купување нов уред. Според новите правила, телефоните што се продаваат на пазарот на ЕУ …

Continue Reading

(Видео) Македонскиoт математичар блесна во Германија: Македон Димитровски освои две злата на математичка олимпијада

Младиот македонски математичар Македон Димитровски оствари импресивен резултат на Германската математичка олимпијада, каде што освои два златни медала и се најде меѓу најуспешните натпреварувачи на престижниот меѓународен собир. Димитровски златото го освои во индивидуалната конкуренција по математика, како и во посебниот математички предизвик, со што дополнително го потврди својот исклучителен талент. Како признание за неговиот настап, тој беше вклучен и …

Continue Reading