Техеран: Го разгледуваме американскиот одговор на мировниот план
Иран го примил одговорот на САД на својот најнов мировен предлог, а информацијата била доставена преку Пакистан, објавија иранските државни медиуми. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи потврдил дека американскиот одговор сега се разгледува, пишува Би-Би-Си. Американската страна сè уште официјално не потврди дека му одговорила на Техеран. Но, претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека „наскоро ќе го …
Continue Reading
Има 63 години, а тврди дека неговото тело е старо 38 – позната неговата рутина против стареењето
Дејв Паско, 63-годишен поранешен архитект и инженер, стана едно од најпознатите имиња во светот на биохакирањето откако тврди дека неговата биолошка возраст е само 37,95 години. Паско, кој се најде меѓу водечките на листата „Rejuvenation Olympics“ – натпревар за луѓе што најбавно стареат – вели дека успеал значително да го успори стареењето без да троши милиони, како некои други познати …
Continue Reading
Нобеловката Наргес Мохамади во критична состојба, итно префрлена од ирански затвор во болница
Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2023 година, иранската активистка Наргес Мохамади, која е затворена во Иран, се наоѓа во критична кардиолошка состојба. Според Фондацијата „Наргес Мохамади“, таа пред два дена била префрлена од затвор во болница во градот Занџан, откако двапати изгубила свест и доживеала тежок срцев удар. Фондацијата бара нејзиното лекување да продолжи во специјализирана болница во …
Continue Reading
Осомничениот за обид за атентат врз Трамп се жали на затворските услови: „Изолацијата е казна“
Адвокатите на Кол Ален, обвинет за обид за атентат врз Доналд Трамп, побараа од судијата да ги ублажи затворските ограничувања, кои ги опишаа како „казнени“. Ален (31) минатата недела, на 27 април, се обидел да ја пробие безбедносната проверка на вечерата за дописници во Белата куќа и при тоа испукал истрел од сачмарка. Според поднесокот до американскиот Окружен суд за …
Continue Reading
Чудо во Швајцарија: Влегоа во лигата и ја освои титулата, прва во 127 години
Неверојатен успех постигнаа фудбалерите на Тун, сезонава се најголемото изненадување во сите европски лиги. Тун, благодарение на поразот од второпласираниот Сент Гален против Сион (0:2), математички го обезбеди првото место во плејоф групата за титулата и пласман во Европа. Ден претходно, Тун претрпе втор последователен пораз во плејофот (против Базел), но досега собра доволно бодови и се оддалечи од своите …
Continue Reading
Еди Хау и наредната сезона ќе го води Њукасл
Англискиот стручњак Еди Хау ќе остане на позицијата менаџер на Њукасл и по завршувањето на тековната сезона, освен ако не се случи неочекуван пресврт, според британските медиуми. Според истите извори, 48-годишниот тренер ја има поддршката од сопственикот и раководството на клубот и ќе го води тимот и во сезоната 2026/27. Одлуката следеше по серија состаноци одржани оваа недела на кои …
Continue Reading
(Видео) Дербито ги оправда очекувањата, Јунајтед го победи Ливерпул
Најголемото дерби во англискиот фудбал, дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, заврши со победа на „Црвените ѓаволи“ – 3:2. Јунајтед имаше предност од два гола по само 14 минути, но Ливерпул успеа да се врати во натпреварот во првите десет минути од второто полувреме. На крајот, најмладиот играч на домашниот тим, Коби Мејну го реши дербито. За само 13 минути, …
Continue Reading
Алекс Фергусон итно префрлен од „Олд Трафорд“ во болница
Легендарниот Сер Алекс Фергусон беше итно префрлен во болница откако му се слоши на „Олд Трафорд“. Фергусон планираше да го гледа големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, не се чувствуваше добро и беше однесен во болница. Ова беше превентивна мерка и постои оптимизам дека ќе се опорави дома. Фергусон (84) беше однесен во болница еден час пред почетокот на …
Continue Reading
Синер го освои Мадрид, во финалето го декласира Зверев
Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер го освои Мастерс турнирот во Мадрид. Во финалето, Синер го декласираше Саша Зверев со резултат од 6:1, 6:2 по само 58 минути игра. Јаник на тој начин го победи Германецот деветти пат по ред и со тоа ја зголеми разликата на 10-4 во меѓусебните дуели. Тој успеа да триумфира на петтиот последователен Мастерс, што …
Continue Reading