(Видео) Македонскиoт математичар блесна во Германија: Македон Димитровски освои две злата на математичка олимпијада


makedon.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младиот македонски математичар Македон Димитровски оствари импресивен резултат на Германската математичка олимпијада, каде што освои два златни медала и се најде меѓу најуспешните натпреварувачи на престижниот меѓународен собир.


Димитровски златото го освои во индивидуалната конкуренција по математика, како и во посебниот математички предизвик, со што дополнително го потврди својот исклучителен талент.

Како признание за неговиот настап, тој беше вклучен и во престижната група лауреати – статус што им припаѓа само на натпреварувачите со највисоки достигнувања на олимпијадата.

Информацијата за успехот ја сподели неговиот татко Владимир Димитровски, кој истакна дека станува збор за резултат што е плод на талент, труд и посветеност.

„Со своите блескави резултати, Македон беше прогласен и во престижната група на лауреати — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите. Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена. Честитки, Македон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион“, напиша тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK