(ФОТО) Девојката на Ди Каприо се појави во целосно проѕирен фустан и ги украде погледите во Њујорк


vitorija.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската манекенка Виторија Черети повторно го привлече вниманието на јавноста откако се појави на гламурозна забава во пресрет на Мет Гала во Њујорк во смел, целосно проѕирен фустан.


27-годишната девојка на актерот Леонардо Ди Каприо, носеше црн проѕирен модел со цветни детали од Шанел, под кој се гледаа само гаќичките, бидејќи одлучила да не носи градник.

Изгледот го надополнила со едноставна брановидна фризура, суптилна шминка и црна чанта.

Сепак, многумина забележале дека Черети пристигнала сама на настанот, без Ди Каприо, кој не бил присутен на забавата организирана од Џеф Безос и Лорен Санчез.

Черети и Ди Каприо се во врска повеќе од две и пол години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK