Со доаѓањето на потоплите денови, мравките сè почесто влегуваат во домовите во потрага по храна, особено во кујните. Наместо силни хемикалии, постојат неколку природни методи што можат ефикасно да ги одбијат.
Нане – Мирисот на нането им е непријатен на мравките. Неколку капки етерично масло на вата може да се нанесат на местата каде што влегуваат или се движат.
Оцет – Смеса од оцет и вода во еднаков размер може да се користи како спреј за површини, прозорци, врати и пукнатини. Оцетот ги брише мирисните траги по кои се движат мравките.
Лимон – Лимоновиот сок, разреден со вода, исто така го нарушува нивното ориентирање и може да се прска на влезните точки.
Цимет – Се смета за едно од најефикасните природни решенија. Може да се посипе долж патеките по кои се движат мравките или околу местата каде што влегуваат во домот.
Природните методи не само што помагаат против мравките, туку и го освежуваат просторот без употреба на агресивни средства.