(Видео) Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес. „Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола“, велат од МВР. Од МВР додаваат дека по добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот …

Continue Reading

Убиени ќерките и сопругата на познат британски коментатор: Во тек е потера, се претпоставува дека напаѓачот е вооружен со самострел

Трите жени кои беа убиени во близина на Ватфорд, северозападен Лондон, се Керол Хант, сопруга на радио-коментаторот на BBC  Џон Хант, и нивните две ќерки. Жртвите се на возраст од 25, 28 и 61 година, а се претпоставува дека нападот е извршен со самострел, а можеби и со друго оружје, соопшти полицијата, пренесе Би-би-си. Полицијата во вторникот нешто пред 19 …

Continue Reading

Член на „Дрим-тимот“ отпадна за Олимписките игри

Американскиот кошаркарКави Ленард ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз. Главен кандидат да го замени во тимот е првотимецот на Бостон Селтикс, Дерик Вајт. Образложението зад одлуката на Ленард е донекаде нејасно, бидејќи тој се справуваше со повеќе повреди во текот на годините, вклучително и проблем со коленото. Американската репрезентација и ЛА Клиперс утврдија дека е во негов најдобар интерес …

Continue Reading

Блинкен: Авионите Ф-16 се на пат за Украина, летаат на украинското небо веќе ова лето

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека испраќањето одбранбени системи во Украина, како што е системот Патриот и други, е од клучно значење за одбраната на инфраструктурата и на украинскиот народ, како и на силите. „Најважно е да се отклучат економските инвестиции во Украина. Тоа е работа број еден за Украина и Алијансата, но тоа е само дел од …

Continue Reading

Олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip6 засилено со технологијата Galaxy AI ексклузивно претставено на натпреварувачите на Олимписките игри

Ова посебно издание на паметниот телефон Galaxy Z Flip6 ќе го добијат речиси 17000 учесници кои ќе се натпреваруваат во Париз ова лето, унапредувајќи го своето искуство како никогаш досега – Samsung Electronics, глобалниот олимписки и параолимписки партнер, денес го претстави олимпиското издание на својот нов најавен паметен телефон Galaxy Z Flip6, специјално дизајниран и прилагоден за сите спортисти кои …

Continue Reading

Маж од Велешта низ социјалните мрежи во групи ширел детска порнографија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ј.(28) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови …

Continue Reading

Попов: Единствената институција која изминатите години работеше за сузбивање на корупцијата беше ДКСК, но ниедна нивна иницијатива до обвинителствата не е прифатена

Извештајот за работа на ДКСК само го потврдува размислувањето и тврдењето на најголемиот дел од јавноста и нас како ВМРО-ДПМНЕ во времето кога бевме опозиција, корупцијата метастазира во Република Македонија и дека навлегува во секоја пора од нашето општествено живеење, што го прави животот за младите луѓе и за сите граѓани во државата, неиздржлив. Бидејќи се сведува дека ништо во …

Continue Reading

Перински на состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион: Локалните власти ќе имаат спремни проекти

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион. На состанокот министерот Перински се информираше за приоритетните потреби на општините и на граѓаните, како и на подготвеноста на локалните власти,  да реализираат поголеми инфраструктурни проекти. Министерот Перински, нагласи дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините, со цел во секоја општина, во секое населено …

Continue Reading

Автоматизирани сефови од Халкбанк – единствени на пазарот што нудат сигурност и 24/7 достапност до нашите вредни работи

Халкбанк, почнувајќи од денеска, единствена на пазарот, воведе 24/7 достапни, Автоматизирани граѓански сефови со кои се менува начинот на кој традиционално се пристапува и ракува со класичните граѓански сефови. Имено, самата автоматизираност и роботизираност на системот овозможува дваесет и четири часовна употреба без присуство на физичко лице од страна на Банката. Ова, во суштина значи дека кога и да ни …

Continue Reading