Олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip6 засилено со технологијата Galaxy AI ексклузивно претставено на натпреварувачите на Олимписките игри

samsung_Galaxy Z Flip6 Olympic Edition_1_Online
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ова посебно издание на паметниот телефон Galaxy Z Flip6 ќе го добијат речиси 17000 учесници кои ќе се натпреваруваат во Париз ова лето, унапредувајќи го своето искуство како никогаш досега







– Samsung Electronics, глобалниот олимписки и параолимписки партнер, денес го претстави олимпиското издание на својот нов најавен паметен телефон Galaxy Z Flip6, специјално дизајниран и прилагоден за сите спортисти кои ќе се натпреваруваат на претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Париз оваа година. Олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 ја продолжува традицијата подолга од три децении, во текот на која Samsung обезбеди врвна технологија и мобилни иновации за поддршка на игрите, се разбира со неколку иновации.

Олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 (Galaxy Z Flip6 Olympic Edition) е првото олимписко издание кое користи Galaxy AI. Дизајнирано да ги подобри искуствата на натпреварувачите за време на игрите од моментот на пристигнување во Париз, овој уред е првиот што е претходно опремен со целосен пакет ексклузивни услуги и корисни апликации. Исто така, ова е првпат најновиот производ на Samsung да им биде достапен на натпреварувачите пред неговото официјално претставување на пазарот и ќе заземе централно место на Олимпијадата, како прво олимписко издание кое игра клучна улога на победничкиот подиум.

Уредот може да се пофали со компактен и сестран дизајн во впечатлива жолта боја, украсен со олимписките кругови и параолимписки агитоси во златна боја. За дополнителен впечаток, Samsung соработуваше со луксузната париска модна куќа Berluti, која ги дизајнираше официјалните униформи на францускиот олимписки тим за церемонијата на отворањето на игрите и креираше ексклузивна футрола Flipsuit Case која совршено го надополнува секој уред. Изработена од кожа Venezia, секоја футрола Flipsuit Case има уникатна патина со живописна мешавина на бои, инспирирана од олимписките кругови, славејќи го олимпискиот дух, извонредноста и единството.

„Samsung ги поместува границите на мобилната технологија речиси три децении, поддржувајќи ги Олимписките и Параолимписките игри, како и натпреварувачите“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), извршен потпретседател и раководител на одделот за маркетинг во Mobile eXperience, Samsung Electronics. „Горди сме што можеме да ја испорачаме нашата најнова Galaxy иновација до инспиративните натпреварувачи на Олимпијадата во Париз и да им дадеме можност од прва рака да ја искусат моќта и интелигенцијата на уредот Galaxy Z Flip6, дури и пред неговото официјално пристигнување на пазарот. Возбудени сме што гледаме како нашата технологија создава нови искуства за натпреварувачите – од создавање значајни релации до споделување и доловување на вечни спомени додека се во Париз и надвор од него“.

Подобрено искуство на натпреварувачите на Олимпијадата во 2024 година со уред засилен со Galaxy AI

 Одлуката да се понуди најновиот уред од портфолиото Galaxy на олимписките натпреварувачи пред официјалното лансирање на пазарот произлегува од клучната улога на технологијата Galaxy AI во забрзувањето на новата ера на комуникација, продуктивност и креативност на паметните телефони.

Олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 вклучува голем број корисни иновации кои им помагаат на натпреварувачите да откријат нови искуства за време на игрите. Ова вклучува практични функции Galaxy AI за комуникација, кои ќе им помогнат на натпреварувачите од целиот свет лесно да се поврзат додека се во Париз:

  • Превод на повици во живо (Live translation of calls)[1] – обезбедува преводи на телефонски повици директно на уредот во реално време на 16 различни јазици, што им олеснува на натпреварувачите да ги користат олимписките телефонски линии и да ги повикуваат локалните контакти на нивниот мајчин јазик, користејќи изворни или избрани апликации од трети страни.
  • Преведувач (Interpreter)[2] – инстантно преведува разговори во живо, овозможувајќи им на натпреварувачите да комуницираат со други спортисти и волонтери и да добијат превод во живо на она што го кажуваат на екранот, додека сè уште зборуваат лице в лице, благодарение на уникатниот двоен екран на телефонот.
  • Композитор (Composer)[3] – помага да се состави е-пошта и објава на социјалните мрежи во апликациите користејќи едноставни клучни зборови. На социјалните мрежи дури и го анализира тонот на минатите содржини, што им олеснува на натпреварувачите да ја изразат својата возбуда за време на најнапнатите или најпотресните моменти од натпреварот.

Натпреварувачите, исто така, можат да користат Galaxy AI на нивниот уред од олимпиското издание за да се подготват за натпревар, да ја поттикнат нивната креативност и да доловат незаборавни спомени од Париз оваа година, со карактеристики што вклучуваат:

  • Instant Slow-motion[4] – овозможува снимање, споделување и анализа на изведбите во забавена снимка, што помага во усовршување на техниката и
  • Асистент за фотографии (Photo Assist)[5] – го олеснува создавањето совршени фотографии овозможувајќи менување на големината, преместување или дури и отстранување несакани предмети од фотографиите.

Вградени услуги и апликации кои го прават олимпиското и параолимпиското искуство забавно и лесно

За лесно користење на телефонот додека сте во Париз и пошироко, секое олимписко издание на Galaxy Z Flip6 вклучува eSIM со 100 GB 5G податоци во партнерство со телекомуникациската компанија Orange и двегодишна меѓународна гаранција на Samsung.

Покрај тоа, неколку официјални апликации на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), како што се Athlete 365[6], Olympic Shop, Paris 2024, Transport Accred App и телефонската линија на IOC ќе бидат претходно инсталирани за да ви помогнат да ги следите најновите распореди на игрите и лесно да се движите низ олимписките терени.

За да им се додаде забава и персонализација на натпреварувачите, секој уред од олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 доаѓа со пакет интерактивни апликации посветени на Олимпијадата во Париз 2024 година. Апликациите ги вклучуваат PinQuest и Galaxy Experience за собирање и размена на вистински и дигитални пинови за време на игрите, Olympic Go!, официјалната олимписка игра и Galaxy Skateboard, нова игра со Phryges, маскотата на овогодинешните игри.

Искуство на споделување на победничкиот момент од прва рака

Стоењето на врвот на олимпискиот и параолимпискиот подиум за време на церемонијата на доделување медали и остварувањето на својот животен сон е еден од најемотивните и најнезаборавните моменти што еден спортист може да ги доживее. Традиционално, спортистите ги фотографираат акредитирани медиуми, бидејќи на спортистите им е забрането да носат лични предмети, вклучително и мобилни телефони на церемонијата. Погледот секогаш се доловува од далечина, а не од перспектива на самиот натпреварувач.

За прв пат во историјата на Олимписките и Параолимписките игри, Samsung ќе овозможи користење на олимпиското издание на уредот Galaxy Z Flip6 на самиот подиум за да можат натпреварувачите да создадат свои спомени и емоции со ново, победничко селфи. Ексклузивната технологија на Samsung ќе ги мапира и сортира селфи-фотографиите на натпреварувачите според спорт и ќе ги прикачи на Athlete365 во реално време, овозможувајќи им да ги зачуваат и споделат своите познати моменти со семејството и обожавателите.

Олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 ќе биде изложено во излозите на Olympic™ rendezvous @ Samsung, вклучувајќи го и оној на Champs-Elysees 125, почнувајќи од 12 јули. Во соработка со Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународниот параолимписки комитет, уредите од олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 ќе им бидат доделени на натпреварувачите почнувајќи од 18 јули.

[1] Превод на повици во живо (Live Translation of calls) бара мрежна врска и најавување на сметката Samsung. Превод на повици во живо е достапна само на претходно инсталираната апликација Samsung Phone. Повиците мора да се вршат преку изворно Samsung бирање. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[2] Преведувач (Interpreter) бара најавување на сметката на Samsung. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапноста на поддржаните јазици може да варира.”

[3] Композитор (Composer) бара мрежна врска и најавување на сметката Samsung. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[4] Функцијата Instant Slow-mo е достапна на Samsung Video Player и Samsung Gallery и можеби не е достана на одредени типови видео датотеки. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[5] Функцијата Асистент за фотографии (Photo Assist) бараат мрежна врска и најавување на сметката Samsung. Уредувањето со функцијата Генеративно уредување (Generative Edit) резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. Видлив воден жиг ја преклопува излезната слика при зачувување за да покаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се гарантирани.

[6] Athlete365 е официјалната заедница на олимписки натпреварувачи создадена за да расте и да ги подобри нивните животи. Таа нуди поддршка на олимписките натпреварувачи на нивното патување до и по Олимписките игри преку обезбедување дигитални и физички простори каде што можат да учат, да се изразат и да се поврзат со нивната поширока заедница.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK