Удираат громови на секои 10 секунди – невреме со силен дожд, грмотевици и град го зафати Скопје
Невреме проследено со силен дожд, град и електрични празнења го зафати Скопје. Гром предмалку удри во oколината на Градскиот парк и го осветли цело Дебар Маало, јавуваат граѓани од лице место. Во дел од Карпош снемало електрична енергија. На дождот претходеше силен ветер. Претходно силно невреме го зафати Тетово, пришто беа пријавени 200 штети меѓу кои на земјоделските култури и …
Continue Reading
Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми
Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето тежело само 3 килограми, а во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го донела мајката. Наредена е обдукција на телото на бебето.
Continue Reading
(Видео) Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања
Идниот министер за надворешни работи во новата Влада, Тимчо Муцунски порача дека треба да се исполнат стратешките цели и да се одбранат идентитетските прашања, а дипломатијата да биде употребена во функција на економијата. Муцунски кој досега ја извршуваше функцијата градоначалник на Аеродром, рече дека ја остава општината со многу проекти, исправена и подготвена за многу новини и решенија кои ги …
Continue Reading
Тетово улица по улица ќе остане без струја поради опасноста од струен удар по силното невреме
ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме што попладнево го зафати градот. Претходно од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во целиот град. Невремето беше проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество …
Continue Reading
Поплавени подрумите во повеќе куќи во Тетово, се бара да се исклучи струјата во целиот град поради ризик од струен удар
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град по невремето. Според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. На телефонскиот број 112 стигнале неколку пријави од …
Continue Reading
Невреме со силен дожд и град го зафати Тетово
Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град попладнево го зафати Тетово. Според инормациите од терен, улиците се полни со вода. Сообраќаен метеж е забележан после патарината на патот од Тетово кон Скопје, кај назводникот, бидејќи има многу вода на патот и се вози исклучително бавно. Засега нема информации за пријави за штети.
Continue Reading
Костадиновска-Стојчевска: Ретерирање на ВМРО-ДПМНЕ од „никогаш Северна“, сите пропаганди и лаги паднаа во вода
Сите пропаганди и лаги на ВМРО-ДПМНЕ паднаа во вода, а црвените линии кои цврсто ги поствија за време на кампањата и предходно , ‘ никогаш Северна’, многу брзо ги избришаа, кога е во прашање власт, рече пратничката на СДСМ, Бисера Костадиновска -Стојчевска на денешната седница во Собранието. Во говорот Костадиновска-Стојчевска, потенцираше на лагите на ДПМНЕ за време на кампањата, но …
Continue Reading
Ангелевска: Кадровските решенија во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се со богати биографии
Во моментов наследуваме катастрофална состојба. Буквално нема област, институција која може да ја наречеме целосно функционална. Граѓаните во предизборието велеа никогаш не било полошо и буквално е така. Јавниот долг на крајот на 2023 година достигна рекордни 62,1% од БДП. Во наредните 5 години само по основ на камати треба да се платат 1,8 милијарди евра. Судство со доверба од …
Continue Reading
Ферстапен победи во Шпанија пред Норис и Хамилтон
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на Шпанското ГП. Второто место го зазеде Ландо Норис за Мекларен, додека трет заврши асот на Мерцедес Луис Хамилтон. Стартот на Големата награда на Шпанија беше највозбудиот дел од трката. Трката со брилијантен потег ја отвори возачот на Мерцедес Џорџ Расел – стартуваше од четвртото место, но веќе во првиот свиок се проби …
Continue Reading